Игри кои ќе излезат во април!

Според познатиот англиски поет, Елиот, април е најсуровиот месец, но тоа е само затоа што во неговото време го немало она што го имаме ние – многу феноменални и долго очекувани игри за играње! Токму поради тоа, засукајте ги ракавите, вклучете ја вашата гејминг машина, дали PC, дали конзола, и подгответе се за игрите кои ќе излезат овој месец!

Со оглед на тоа дека ова го пишуваме во втората недела од месецот, претпоставуваме дека веќе имате заиграно мал дел од игрите. Како прв и најголем новитет е, секако, LEGO Star Wars™: The Skywalker Saga, игра која е според препознатливиот урнек на TT Games и ги прикажува највпечатливите моменти од сите девет филмови, но со интересен хумористичен спин. Верувале или не, можете да играте со над 300 ликови извлечени од препознатливиот универзум, да истражувате бројни локации, да возите над 100 возила и да отклучувате и надградувате моќни способности.

Во случај да не сте преголеми фанови ниту на лего ниту на Star Wars универзумот, а сте повеќе по експлозивна зомби акција со уште три пријатели, тогаш имаме одлични вести за вас! Супер клонот на Left 4 Dead, екстра популарната Back 4 Blood ќе добие ново DLC утре. Како прво нешто што се истакнува во додатокот е нова тежина, два нови Cleaners, но и целосно нов начин за играње. Новиот режим е насловен Ridden Hives и е замислен да содржи три нови видови на инфицирани непријатели.

Истиот ден како и додатокот за Back 4 Blood излегува и симпатичната акциона инди игра со мекови – Uragun. Со играта се дружевме подолг период, дури и бевме поканети меѓу првите да го провериме демото. Се работи за sci-fi пукачка игра каде управувате со мек и уништувате невидум непресушни бранови од непријателски машини – игра која допрва ќе се менува, со оглед на тоа дека патувањето го започнува како дел од раниот пристап на Steam.

Во меѓувреме, фановите на ко-оп игри со roguelite примеси исто така би можеле да се радуваат на Ember Knights. Оваа акциона RPG игра со ретро-инспирирана графика ви дозволува да ја искусите hack and slash формулата на подинамичен начин каде е потребно да ги поврзувате и темпирате вашите напади доколку сакате да извлечете максимална деструктивност! Како за почеток, имате на располагање десетици оружја и уште толку предизвикувачки босови, попречени од легија непријатели. Од она што веќе го видовме, Ember Knights е рај за сите roguelite ентузијасти, со брза и динамична акција, комплексен систем за надградба и предизвикувачки непријатели.

Крајот на месецот се чини резервиран за комплексна и интригантна акциона авантура каде истражувате средновековен свет, правите корисни пијалаци, и донесувате важни одлуки кои влијаат на светот кој ве опкружува. The Serpent Rogue е игра која зрачи со потенцијал. Доколку сте нестрпливи и сакате да ја проверите играта, демото веќе е достапно! Дали кажавме дека можете и да се трансформирате во најразлични животи?

Се чини дека месецот април нуди невообичаени лепеза од, пред сè, инди игри за играње. Но, она што ние одбравме е само дел од значително поголема понуда. Погледнете што сè излегува месецот:

  • Lego Star Wars: The Skywalker Saga [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 5 април
  • Chrono Cross: The Radical Dreamers Edition [PC, PS4, XBO, Switch] – 7 април
  • Demeo: PC Edition [PC] – 7 април
  • Green Hell VR [Quest] – 7 април
  • Slipstream [PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 7 април
  • Advance Wars 1+2: Re-Boot Camp [Switch] – 8 април
  • Dreamvibe [PC] – 8 април
  • 13 Sentinels: Aegis Rim [Switch] – 12 април
  • Back 4 Blood: Tunnels of Terror DLC [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 12 април
  • B.I.O.T.A. [PC] – 12 април
  • Planet Zoo: Wetlands Animal Pack DLC [PC] – 12 април
  • Uragun [PC] – 12 април
  • Abriss [PC] – 14 април
  • Bush Hockey League [Switch] – 14 април
  • Cat Cafe Manager [PC, Switch] – 14 април
  • Crimesight [PC] – 14 април
  • Tormented Souls [Switch] – 14 април
  • Taito Milestones [Switch] – 15 април
  • Ember Knights [PC] – 20 април
  • Star Wars: The Force Unleashed [Switch] – 20 април
  • Anuchard [PC, XSX, XBO, Switch] – 21 април
  • Lumote: The Mastermote Chronicles [PC, PS4, XBO, Switch] – 21 април
  • Velone [PC] – 21 април
  • Metal Tales: Overkill [PC, PS5, XSX, PS4, Switch] – 22 април
  • The Serpent Rogue [PC, PS5, XSX, Switch] – 26 април
  • MLB The Show [Switch] – 27 април
  • Vampire: The Masquerade – Bloodhunt [PS5] – 27 април
  • Kaiju Wars [PC] – 28 април
  • Nintendo Switch Sports [Switch] – 29 април

Со очекување на вакви игри, лесно е да се заборави суровоста на месецот и да се поминат бројни впечатливи гејминг сесии. Што би играле од сево ова? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk