Mac компјутерите цел на ransomware и spyware напади

Производите на Apple важат за побезбедни кога онлајн нападите се во прашање. Сепак во последно време се чини дека ова престанува да биде правило, а уредите на Apple се подеднакво небезбедни како и останатите.

Корисниците на Mac треба да внимаваат бидејќи неколку нови верзии на постоечки малициозен софтвер се прилагодени за напад на нивните уреди. Станува збор за ransomware и spyware, јави BBC. Безбедносните експерти од Fortinet го пронајдоа софтверот во продавница на скриениот интернет (dark web).

Fortinet го контактираа креаторот на софтверот по што добија тест верзија. Тестирањето покажува дека станува збор за софистициран малициозен софтвер. Заедно со кодот добија и порака во која се претставуваат неговите креатори. Станува збор за инженери во Facebook и Yahoo, кои работеле како безбедносни истражувачи, вели пораката.

Image: Fortinet

Она што е интересно е што малициозниот софтвер се испорачува како услуга.  Неговото користење е сосем бесплатно, а заинтересираните за користење ќе ги поделат средствата добиени од откупот со креаторите на вирусот.

Првиот софтвер е ransomware и го прави истото што го прави и на Windows компјутерите. Лоша вест е дека по разгледувањето на кодот, експертите од Fortinet велат дека дури и да биде исплатена откупнина дека клучевите ужасно лошо се зачувани и нема начин за спас на фајловите.

Шпионскиот софтвер по инфицирањето на компјутерот може да прочита кои копчиња се притиснати, да испрати слики од екранот, па дури и да го вклучи микрофонот. Ова повторно е прилично стандардно, кога овој малициозен софтвер е во прашање.

Квалитетот и на ransomware и на кодот на шпионскиот софтвер е полош од оној кој се користи за Windows напад, но и вака корисниците ќе останат без своите подоатоци.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk