Како функционира AirTag и какви проблем носи за приватноста

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Заборавате каде ги оставате клучевите, новчаникот, ранецот, торбата… Ако сте корисник на iPhone и ова често ви се случува, можеби треба да размислите да инвестирате во AirTag.

AirTag е додаток за следење со големина на паричка кој едноставно се прикачува на предметите кои сакате да ги следите. Потоа со помош на Find My апликацијата овозможува следење и пронаоѓање на овие уреди. Додатокот чини 30 долари или 4 може да се купат за 100 долари. Корисникот по купувањето ги впарува со својот телефон, ги прикачува на предметите кои сака да ги следи и тука целиот процес завршува. Потоа овие беџови заедно со локацијата се појавуваат во Find My апликацијата. Поврзувањето со iOS, iPadOS, macOS уредите е преку Bluetooth. Со батеријата која се користи беџот може да се користи за следење една година пред да треба да се замени батеријата.

AirTags наликуваат на беџови со дијаметар 31,4 mm и дебелина од 8mm. Целиот AirTag со батеријата тежи околу 11 грама. Предната страна е изработена од сјајна пластика и на неа може да се изгравираат четири букви или емотикони. Сепак просторот е ограничен и сите правила која важат за Apple филтрирањето на содржина важат и тука. Секој од овие беџови доаѓа со U1 чип кој ја прикажува точната локација, или ако ја нема локацијата последната позната локација. Самата апликација на корисниците им овозможува да си испратат аларм и нотификација ако излезат од радиус на предметот (го заборават) кои има AirTag. Максималното растојание во кое телефонот и AirTags може да „се пронајдат“ е 100 метри, а по ова се вклучува „Find My“-мрежата.

Пронаоѓањето на уредите е едноставно. AirTags користи комбинација на сензори, безжични сигнали и „Find My“-мрежата на Apple. Eден начин да пронајдете загубен предмет е да го „пингнете“ уредот и тој ќе почне да свири, па пронаоѓањето се сведува на следење на звукот. Друг начин за пронаоѓање на загубените уреди е со навигација со Precision Finding функционалноста. Корисникот го одбира уредот за следење, а на екранот на телефонот му доаѓа насока и растојание до предметот кој го бара.

Пронаоѓање со Precision Finding

Овие две функционалности се супер ако предметот кој го бараме е во близина, но што ако далеку? Во овој случај се активира „Find My“-мрежата. Мрежата е составена од сите уреди на Apple, стотици милиони iPhone, iPad, Mac „слушаат“ и го бараат сигналот на AirTag. AirTag преку Bluetooth испраќа сигнал кој може да го примат сите Apple уреди во „Find My“-мрежата. Кога и ако некој уред го пронајде сигналот го испраќа до iCloud и потоа корисникот ќе добие информација на телефонот. Мрежата зависи од бројот на уреди на самата локација, па без сомневање е потешко да се пронајде уред во Скопје, отколку во Сан Франциско на пример.

Следење на AirTags во близина на корисникот

Ако ништо од ова не успеа, и доколку ниту еден уред не е во близина на AirTag сопственикот може да го одбележи AirTag и уредот за загубен. Во овој случај во Find My ќе го гледа AirTag единствено како загубен додаток. Ако и штом дојде во контакт со некој уред од мрежата, корисникот веднаш ќе добие нотификација на телефонот.

Злоупотреба на AirTags и слични уреди

Приватноста на корисникот и заштита од следење со помош на AirTags не e баш едноставна. Една од причините е секако што AirTags се прва генерација. Ако технологијата на Apple забележи дека неидентификуван AirTag „патува“ заедно со корисникот и сопственикот на овој додаток не е во близина на додатокот на телефонот до корисникот ќе дојде известување дека заедно со него патува неидентификуван AirTag.

Известувањето не се испраќа ако сопственикот на овој AirTag е во близина. Со ова се спречува испраќањето на нотификации кога двајца пријатели со AirTag патуваат заедно, или во случај на патување со автобус или воз, кога во близина има многу повеќе корисници.

Заштитата која Apple ја има имплементирано е добра за сите сопственици на iPhone, но проблемот секако е поголем. Известувањето дека AirTag патува заедно со корисникот е достапно на уредите кои доаѓаат со iOS или iPadOS понов од 14.5. Зa корисниците на Android е достапна Android апликација.

Tracker Detect e апликација/алатка која ја скенира околината за AirTags и испраќа информации до Android телефоните. Ова решение е соодветно ако корисникот веќе се сомнева дека некој го следи. Сепак ако ова не е случај, речиси и не може да замислиме ситуација во која корисник би ја инсталирал апликацијата на својот телефон. Дури и корисникот да се сомнева дека некој го следи, тоа не значи дека користи уред на Apple, а не некој од конкурентните уреди на пазарот.

Дополнителна заштита за сите е звучен аларм кој ги испушта уредот ако е разделен од сопственикот. На почеток алармот се огласуваше ако AirTags е разделен од сопственикот подолго од 3 дена. Со надградбата, алармот може да се огласи во период помеѓу 8 и 24 часа. Сепак овие звучни сигнали траат 15 секунди и не се премногу гласни, вели Washington Post.

„Откако го ставив AirTag во мојата чанта, мојот колега можеше со извонредна прецизност да пронајде каде се наоѓам. Откако го поврза AirTag со својот iPhone, локацијата се појави во неговата апликацијата за iPhone наречена Find My, која е бесплатно вклучена со iPhone. (Започна како начин да се најдат изгубени производи на Apple, а сега се прошири и на други работи.)

Кога возев велосипед низ Сан Франциско, AirTag ја ажурираше мојата локација еднаш на неколку минути со прецизност од околу половина блок. Кога бев стационаран дома, апликацијата на мојот колега ја испрати мојата адреса“, вели Џофри Фаулер од Washington Post.

Apple секако не е единствената компанија која ги произведува овие уреди. Samsung има сопствени уреди кои може да се користат за следење, а и куп други производители имаат свои решенија. Проблемот секако не доаѓа од технологија туку од злоупотребата, а технологијата само го олеснува следењето.

Полицијата во САД веќе излезе со соопштение и упатство за корисниците кои ќе забележат дека ги следат. Советот е во никој случај да не одат дома, и да ја известат полицијата. Полицијата понатаму ќе побара од Apple информација за сопственикот на телефонот од кој е следен AirTag.

Злоупотребата на овие додатоци може да се користи за следење на движењето на жртвите, како за нивно демнење, така и да им обезбедат на криминалците податоци кога домот е празен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments