LiNote – HealthTech продукт развиен од македонски софтверски инженери

Image Courtesy of LiNote

Со развојот на технологијата, почнуваат да се раѓаат идеи кои го менуваат светот во различни индустрии. Од технолошки иновации во банкарство, автомобилската индустрија и недвижности до туризмот, храната и образованието. Не е изненадување што во рок од десет години бројот на ИТ компании од една се зголеми на четири во топ 5-те најуспешни компании.

Една од индустриите коjaшто е сѐ попопуларна за технологијата е здравството познато како HealthTech. Иако здравството изгледа како бирократска индустрија, сепак тука има голем простор за нејзина промена од страна на иноватори. Сѐ повеќе се развиваат друштвени мрежи, апликации и други решенија кои имаат цел да ја подобрат оваа индустрија. Наш најпознат пример во Македонија е Мој Термин – националниот систем за електронски евиденции во здравството кој веќе трета година е во функција.

Таков производ е и LiNote, таблет со вграден софтвер кој ќе им помогне на негувателите кои се грижат за луѓе кои имаат проблеми со памтење. Македонската компанија SOLID Solutions за францускиот стартап LiNote изработи софтверско решение кои им овозможува на негувателите да креираат потсетници и рутини за секој пациент, и увид дали пациентот ја прочитал или слушнал пораката.

Трајче Наков, софтверски инжинер

Трајче Наков, софтверски инжинер

Да не мора да си 24 часа присутен и да се грижиш дека пацентот е добар и не заборавил на своите обврски. – објаснува Трајче Наков, софверскиот инженер на LiNote

Со овој таблет, негувателите ќе можат да провераат дали пациентите ги земале предвидените лекови, дали се нахраниле и ги завршиле останатите рутини. Производот е лансиран пред месец дена и моментално се собираат личните искуства од првите корисници за подобрување на самиот.

Идејата за овој француски стартап доаѓа од животното искуство на самиот основач од Франција, каде неговата баба патела од Алцхајмерова болест. Иако производот е достапен на англиски, француски и холандски, моментално е таргетиран само за францускиот пазар кадешто се евидентирани повеќе од 1.200.000 луѓе кои се соочуваат со деменција и имаат проблеми со меморија.

За можноста да се соработува со француски стартап Трајче вели дека носи учење, поинтензивна работа, и процес на несогласувања и наоѓање решенија кои се нормални за секоја стартап средина.

„Олеснителна околност ни е што и самиот клиент е искусен програмер. Иако не ги работиме истите технологии, секогаш е тука да сподели сопствено мислење, и да нѐ упати во вистински правец.“ – додава тој.

SOLID Solutions продолжува да работи на подобрување на LiNotе, и во иднина остануваат да соработуваат со стартап компании за испорака на решенија кои ќе придонесат светов да биде подобро место.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments