Amazon го исполни ветувањето, „мотивираните“ рецензии избршани

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, Вести

Најголемата светска e-продавница Amazon, го исполни ветувањето и ги избриша рецензиите од корисниците на кои им се ветувани попусти или производи.

Вакви мотивирани предизвици беа сериозен проблем за продавницата. Проблемите се поради тоа што овие рецензии се необјективни и во просек имаат +0,38 повисок рејтинг од останатите.  Или со бројка мотивираните прегледи се 4.74 од 5, наспроти просечната оценка од 4,36. Поради ова сериозно беше разнишана довербата во оценките и рецензиите на производите на Amazon.

Сепак на само неколку денови пред најголемата продажба, анализата покажува дека Amazon забрзано ги отстранува овие прегледи. Компанијата досега избришала повеќе од половина милион оценки, од кои 71 отсто се мотивирани. Оценката на овие прегледи е 4.75, значително повисока од просекот, пишува TechCrunch.

Бришењето на овие рецензии за дел од производите претставуваше значителен пад на вкупната оценка. Сепак дури и вака бројот на прегледи со дополнителна мотивација е прилично низок. На нив отпаѓаат околу 1.5 отсто од вкупниот број.

Иако за голем број производи бројот на рецензии е намален, она што го гледаат купувачите останува исто. Amazon не прикажува децимали, туку ѕвезди. Така производите кои имаат 3.5 ѕвезди претходно имаат иста оценка и сега. Интересно е што вкупната просечна оценка на производите на Amazon е намалена од 4.73 на 4.65.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk