LinkedIn го купи Pulse за 90 милиони долари

После шпекулциите кои излегоа пред скоро време, најголемата бизнис друштвена мрежа, LinkedIn, синоќа објави дека ја купи апликацијата за читање на вести – Pulse.

За тие што не се запознаени, Pulse е мобилна апликација која предлага и агрегира содржина од различни сајтови и друштвени мрежи, а секојдневно преку неа се читаат 10 милиони различни содржини. Aпликацијата има 30 милиони кориници од 190 земји кои сега може да ги додадеме на 200-те милиони корисници на LinkedIn. Цената по која е постигнат договорот е околу 90 милиони долари, 90 oтсто во форма на акции и 10 отсто во кеш.

Ова е разбирлив чекор од LinkedIn кој сака да воведе поквалитетна содржина на LinkedIn Today, а со самото тоа и да ги зголемат посетите и бројот на корисници, бидејќи голем број на корисници кои се на таа друштвена мрежа, сакаат своите вести да ги читаат токму на LinkedIn. Дополнително, Pulse како успешна мобилна апликација може да му даде и добар старт на LinkedIn на мобилниот пазар.

„Ќе продолжиме да го поддржуваме искуството со Pulse, додека работите заедно на нов и иновативен начин на публикација, откривање и споделување на вашето професионално знаење.“, вели LinkedIn во својата презентација.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments