Wubi е Windows-side инсталер за Ubuntu, кој им овозможува на Windows корисниците да инсталираат и избришат Ubuntu поедноставно и побезбедно, слично како и најобична Windows апликација.
Но, според Стив Лангасек од Canonical, Wubi нема да биде дел од Ubuntu 13.04 кој излегува при крајот на овој месец, а на својот веб-сајт веќе ги предупредуваат корисниците да не го инсталираат 12.10 преку Wubi.
Наместо тоа, им препорачуваат да направат чиста инсталација на Ubuntu 12.10 на посебна партиција, но иако е едноставен процесот, сепак не е целосно без ризик, како што тоа било случај до сега со Wubi.