0 коментари 2 мин. читање 12 април, 2013

Twitter овој викенд ќе го објави својот музички сервис

Twitter ќе стартува музички сервис кој ќе ви предлага музичари и песни според персонализирани метрики, односно според кои корисници следите и што твитате. Препораките ќе бидат базирани на технологијата на стартапот We Are Hunted кој Twitter го купи после неколку месечно договарање. Интересно, иако беше аквизацијата официјално објавена денес, всушнот купувањето се случи во 2012-та година. Ова може да значи дека Twitter веќе подолго време работи на музичкиот сервис.

Twitter Music ќе им биде препорачувана според корисниците што ги следите на Twitter. Ќе може да се преслушуваат кратки исечоци од песните преку самата апликација, а ќе може да се користат и апликации од трета страна, односно SoundCloud, iTunes итн. Покрај тоа, корисниците ќе може да гледаат и музички видео спотови преку VEVO кој е во сопственост на Universal Music и Sony. Во јануари оваа година YouTube најави дека ќе купат дел од тој сервис.

Во моментот не се достапни повеќе информации, но се претпоставува дека сервисот ќе биде претставен на музичкиот фестивал Coachella, кој овој викенд ќе се одржи во Калифорнија.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top