0 коментари 2 мин. читање 4 мај, 2023

Toodle е Googlе, но за љубопитни дечиња

Ако нешто сакаат родителите тоа е да им бидат поставувани илјадници и илјадници прашања од нивните деца. Иронијата на страна, малите деца знаат да бидат исклучително љубопитни и да поставуваат бројни прашања за кои родителите или понекогаш немаат време, не го знаат одговорот или го знаат но не и како најдобро да го одговорат.

Toodle е Google, но за малите деца. Се работи за едноставен интерфејс каде децата можат да издиктираат или да напишат прашање и да добијат соодветен одговор и во писмена и во усмена форма.

Апликацијата всушност не измислува топла вода туку користи OpenAI GPT4 за да формулира најдобар одговор. Вештачката интелигенција, во комбинација со гласовен модел, се труди да објаснува користејќи едноставни зборови и формулирајќи јасни концепти, како и често да ги потенцира позитивните работи кај децата.

Користејќи микрофон или виртуелна тастатура, децата можат да поставуваат прашања за животни, билки, вселена, наука, историја, уметност или било што друго. Алатката е одлична и за вежбање и надградба на англискиот јазик.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top