Незадоволните корисниците се побунија на одлуката на еден од најпопуларните торент клиенти uTorrent да воведе реклами. Торент клиентот објави на својот форум дека разгледува рекламирање како можност за собирање средства, но по бунтот uTorrent делумно ја промени одлуката и ги промени рекламите во незадолжителни.
Спонзорираните торенти сè уште ќе се појавуваат во листата, но корисниците ќе бидат во можност да ги исклучат спонзорираните торенти. Според компанијата, екстра приходите кои ќе се обезбедат од рекламите ќе се користат за подобрување на технологијата за споделување на фајлови.
„Корисниците кои ќе одберат да ги остават рекламите, ќе помогнат за влез на нови инвестиции, не само за uTorrent клиентот, но и за идните изданија на peer-to-peer технологијата. Или со други зборови, ваквите експерименти можат да помогнат за да му се докаже на светот дека постои трет легитимен начин за дигитална дистрибуција“, стои во соопштението на Кинкер.
uTorrent има 150 милиони корисници и представува еден од најпопуларните клиенти за симнување на торент содржини, пренесува Torrent Freak.







