Instagram продолжува да се подобрува спротивно на мислењата дека ќе биде апсорбиран од Facebook по огромната аквизиција. Во новата 3.0 верзија за Android и iOS, популарната мобилна апликација со над 80 милиони корисници воведе неколку подобрувања, како редизајнирани профили, страна за хаштагови, и Explore тагот. Но, најинтересната функционалност која ја дефинира оваа нова верзија е „Photo Maps”.
Photo Maps е опција која ги организира фотографиите според локација. Секој корисник на профилот сега има истакната мапа на која може да се најдат сите фотографии според местото каде се сликани. Ова не само што овозможува полесно наоѓање на фотографии, подобро организирање, и подобра интеракција со другите корисници, туку сега и постарите фотографии се видливи и истакнати.
„На почетокот, друштвените медиуми беа еднократни медиуми – споделувате нешто со светот и тоа се губи во фидовите на корисниците по час или два. Но вистинските фотографии добиваат на вредност како што поминува времето, тие стануваат точки за носталгија.“, вели основачот на Instagram, Кевин Систром.„Сакаме да ги пребарувате тие фотографии на брз и ефикасен начин, и сфативме дека начинот како да се организира не беше времето, туку локацијата.“
Според него, првата верзија на Photo Maps е само почеток, основа за уште подобри функционалности базирани според локација.
Instagram 3.0 – Photo Maps Walkthrough from Instagram on Vimeo.








Greska vi se linkovite Android i IOS obratno vi se :)
Тоа е трик, за да се потресат фанбојс. :P Ј/К поправено е, фала што забележа