Најголемата бизнис мрежа се соочува со обвинувања од корисници кои велат дека компанијата пробивала во нивните мејлови. Тужбата се однесува за тоа дека LinkedIn пристапиле до екстерните мејлови на корисниците, пристапиле до нивната листа со контакти и потоа испраќале маркетинг информации до тие контакти.
Тврдењето за ова дело е поднесено во текот на минатата недела во Калифорнија, но сето тоа беше од Блејк Левит, директор во компанијата задолжен за правните обврски, кој во напис на блогот на LinkedIn објави дека тие не провалиле во ниту еден мејл на корисниците без нивна дозвола; никогаш не се претставувале во име на корисникот; ниту пак испраќале пораки до контактите доколку корисникот сам не ја избрал таа опција.
LinkedIn како друштвена мрежа му нуди можност на корисникот да испрати покани до сите свои контакти да се приклучат на оваа друштвена мрежа, но тоа треба да го одобри самиот корисник. Во судската расправија се вели дека таа опција не е доволно објаснета и доведува до збунување на корисникот. Еден од тужителите за Bloomberg вели дека несакајќи контактирал повеќе од 200 луѓе преку својот LinkedIn мејл, но од компанијата велат дека корисникот заборавил да ја отштиклира опцијата со која ќе се оневозможи комуницирање со контактите од неговиот мејл.
Инаку, LinkedIn со помош на своите стратегии за растење ја зголеми бројката на околу 240 милиони регистрирани корисници, помеѓу кои се наоѓаат членови на компаниите од листата на Fortune 500.







