Последните неколку години својата популарност ја бележат гласовните асистенти, додека некои се фокусирани исклучиво на извршување на одредени задачи, некои само овозможуваат да разговарате со нив. Auri е гласовен асистент за Android кој ќе ви ги чита вестите од вашите омилени RSS извори, Reddit, 4chan и други извори на новости.
Апликацијата е дизајнирана да работи како радио станица, па така додека ги чита вашите извори, во позадина можете да слушнете некоја тивка амбиентна музика што прави да се чувствувате како да ја слушате вашата омилена емисија на радио.
Auri е бесплатна апликација и можете да ја преземете од Google Play.
[youtube]http://youtu.be/nzpOYsNSadU[/youtube]







