Chaos Computers Club веќе го проби Touch ID сензорот на новиот iPhone

Најстарото и најголемо здружение на хакери, германскиот Chaos Computers Club (CCC), објави видео во кое го демонстрираат пробивањето на новиот iPhone 5S преку сензорот за читање на отпечатоци. Тие доцна во саботата го објавија својот прилично едноставен метод на хакирање, за кој Apple тврдеше дека претставува нова ера во безбедноста на iPhone.

Се што треба да направите е да го снимите отисокот од прстот во резолуција од најмалку 2400 DPI, потоа истиот да го испринтате на тенок слој од латекс материјал кој ќе се користи како лажен отисок. Инаку, овој сензор се користи како замена за четири цифрената шифра за отклучување и авторизирање на купувања од iTunes.Од групата на својот блог ја објаснуваат целосната процедура за пробивањето и сметаат дека користењето на отпечатоци, сè уште не е доволно безбедна и добра метода за отклучување и пристапување до важни информации.

„Навистина е глупо да се користи нешто што не може да се смени, а притоа во текот на денот нашиот безбедносен код го оставаме насекаде.”, пишува Френк Ригер од CCC.

[youtube]HM8b8d8kSNQ[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Junior QA

Support & Solutions Center Mk

Database Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk
за целосна понуда на продукти, на market.it.mk