Корисниците се незадоволни од електронските услуги, открива нова анкета на АЕК

во ИТ.МК

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави ново истражување на јавното мислење за електронските комуникации, со кое се анкетирани 1.100 испитаници. Испитувањето покажува дека 90,9 отсто од населението има мобилен телефон, но голем дел од нив не се задоволни од услугите. Според корисниците, квалитетот на услуги е намален во однос на лани, а најголемите критики се за нејасност на сигнал, 34,6 отсто од корисниците, а недостапност на мрежа или недоволна покриеност пријавиле 45,6 отсто, што е скоро двојно повеќе од лани. Перцепцијата на корисниците во најголем дел (50 отсто) во 2014 година е дека конкуренцијата на пазарот не доведе до квалитет на услугата.

Паметните мобилни телефони сега се позастапени кај корисниците на сметка на обичните мобилни телефони, па сега 35,7 отсто од корисниците користат паметен телeфон во споредба со 29,8 отсто од 2013 година. Пораст од еден отсто бележат и таблет компјутерите, но 2,5 отсто од корисниците е речиси незабележителна бројка. Бројот на персонални компјутери е речиси идентичен и се движи околу 70 отсто, а бројот на лаптопи е пораснат и е застапен со 52,7 отсто од домаќинствата. Интересно, во 2014 година просечниот број на компјутери кои ги поседува секое домаќинство пораснал од 1.20 на 1.39.

Интернет во 2014 година користат 82,5 отсто од корисниците, но лоша вест е што само 66,7 од испитаниците лично користат интернет. Според интернетот кој го користат 48,8 отсто на корисниците одговориле ADSL/VDSL, 35,6 отсто кабелски интернет, а само 3 отсто користат оптички интернет. Бројот на корисници кои се одлучиле на интернет преку мобилен оператор во 2014 година е 34,5 во споредба со 21,6% во 2013 година. Неверојатно, но во 2014 година рипнал бројот на корисници кои не знаат да го користат мобилниот интернет од 23,6 на 25,6%. Само 20,5 отсто од корисниците на интернет знаат колкава е нивната интернет брзина.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments