Вистински холограм е научно-фантастична технологија, видена само во популарните серии како Star Trek, но, сепак не е толку далечна како што мислиме. Наскоро ќе видиме холографски 3Д проекции и во македонските бутици, продавници и други места каде може да се тестира овој нов вид на маркетинг.
Се работи за Dreamoc проектори, донесени од Total Media, кои користејќи специјална површина, специјално рефлективно стакло и соодветно видео можат да претстават зачудувачки ефект – производ кој не е статичен, кој не е видео реклама, туку е 3Д проекција каква што не сте виделе до сега. Според примерите во светот каде веќе се користат вакви холограмски технологии, тие имаат одлична примена во бутиците и продавниците. Пример, Coca-Cola ги користи покрај своите штандови за да ги привлече луѓето да ги погледнат 3Д проекциите и секако да купат производ.
„Дефинитивно има „застани и чуди се“ ефект. Се прави гужва околу нив, бидејќи дефинитивно сите ќе го погледнат бидејќи е ново, невидено и интересно“, велат од Total Media.
Проекторите сепак ќе треба да се искористат правилно за да бидат ефективни во маркетингот. Има неколку разновидни Dreamoc проектори што можат да бидат големи од пола метар, до двометарски, а дури има и Holo Windows проектори за да претстават интерактивни анимации на цели излози. Проекторите ќе треба да бидат поставени на видливо место бидејќи проекцијата е релативно мала споредено со големината на уредот. Но, искористени на вистинско место и со добро видео, овие холографски 3Д проектори ќе го исполнат тоа што го ветуваат, за цена која започнува од две илјади евра за да го купите проекторот, или да платите за изнајмување.
[youtube]aQUaLQbg52E[/youtube]









Дали е негде изложен јавно и дали можи да се види?
Се уште го претставуваат, треба да се договориш со Total media да го видиш проекторот.