Апликација на денот: Visit Skopje за Windows Phone ќе ви помогне да се снајдете во главнот град

Visit Skopje е апликација за Windows Phone наменета за туристи кои доаѓаат во посета на градот, но без сомневање ќе им биде корисна и на голем дел од Скопјаните. Visit Skopje на Semos ќе им помогне на туристите да се снајдат со сместување, да најдат места за јадење или одмор, и локаци од културното и историското наследство на Скопје, на пример Скопскиот аквадукт или Даут пашин амам. Апликацијата ви ја покажува и метеоролошката состојба во Скопје, но без сомневање најдобра страна и е интегрирањето на Bing Maps и едноставно „turn-by-turn“ лоцирање на објекти на мапата и траекторија со упатства за патување до нив. Апликацијата нуди и дел од услугите кои им се потребни на туристите, на пример локации на болници и аптеки, телефон на неколку рент а кар агенции, такси компании и слично.

Освен ова Visit Skopje нуди контакти и линкови до веб сајтовите за локациите кои ги имаат, па ќе можете да им пратите имејл директно од апликацијата. Мала забелешка е што дел од линковите водат до сајтови кои се на македонски кои нема да им бидат премногу корисни на странските туристи, можеби на ова треба повеќе да поработат локациите кои ги нудат услугите, па можеби во идина ќе има линк до соодветната верзија на сајтот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments