Колку тајни кријат македонските тинејџери?

Ispovedaj.se е македонска друштвена мрежа каде може анонимно да споделите тајна. Иако основачот Бојан Прцуловски вели дека сервисот е достапен за сите „да бидат искрени и да добијат поддршка од другите“, сепак факт е дека исповедите доаѓаат најмногу од емотивните тинејџери чиј идентитет е скриен зад само IP адресата. Лични информации не споделуваат, освен ако не одберат да објават од кој град се.

Тоа што е интересно е што сервисот на сајтот не привлекува којзнае колку активност од корисниците кои кликаат на срцињата за да дадат поддршка или не. На сајтот има најмногу по десетина срциња на пост. Но, на Facebook реакцијата е неверојатна. Некои исповеди објавени на Facebook страната, која има околу 4,500 фанови, понекогаш собираат и неколку стотици лајкови и коментари.

Ок, можеби нема ништо ново во тоа дека тинејџерите се емотивни и сакаат таинственост. Но, тоа што е ново е начинот на кој ја комуницираат таа потреба, да се исповедаат, или да зборуваат тајно со пријателите без никој да не дознае. Затоа секоја апликација која им ветува дека „можат слободно да си бидат свои“ станува популарна. Примери има многу, но најпопуларна е секако Snapchat, една од најголемите мобилни апликации за чет со која тинејџерите испраќаат пораки што траат само кратко време. И Facebook објави слична апликација Slingshot во која може да се испраќат видеа и фотографии кои изчезнуваат штом ќе бидат видени.

Можеби најслична со Ispovedaj.se е Whisper, апликација преку која се праќаат исповеди. Постоеше и Secret, истотака апликација за исповеди која се вреднуваше на 100 милиони долари, но наиде на проблеми и се изгаси. Но, овие апликации наидоа на проблеми со анонимноста. Secret и Whisper се критикувана бидејќи тинејџерите знаат да претераат во навредите кон своите врсници, претварајќи се во сајбер-насилници кои демнат врз тие што се искрени. За среќа, Ispovedaj.se го нема тој проблем во моментот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk