Советот за радиодифузија пред некој ден започна кампања за заштита на малолетната публика од програми кои можат штетно да влијаат врз нејзиниот физички, психички и морален развој. Кампањата е насловена "Да не дозволиме телевизорот да ни ги воспитува децата" и ќе биде промовирана преку телевизиски спотови создадени од Националниот аудиовизуелен совет на Романија, а се спонзорирани преку програма на Европската Комисија.
Целта на оваа медиумска кампања е да се испрати апел до родителите да посветат внимание на какви содржини гледаат нивните деца на телевизија. Спотовите кои ќе се прикажуваат на локалните и националните ТВ станици прикажуваат примери на агресивно однесување кај малолетниците поради нивната изложеност на несоодветни содржини.
{mosimage}
Кампањава дефинитивно е за поздравување и се надевам дека ќе остави позитивен ефект, особено кај родителите кои ќе преземат контрола над тоа што нивните деца гледаат на телевизија. Но, она што за мене е вознемирувачко е зошто во кампањата не е вклучен и интернетот и не е доставено предупредување за како овој медиум влијае на децата и нивното однесување.
Факт е дека голем број на родители не знаат како да ги искористат филтерите кај своите прелистувачи и да го ограничат пристапот кон несоодветни содржини (да, мислам дека е потребна делумна цензура кога е во прашање воспитувањето на децата), а во многу случаи дури и децата се тие кои ги учат родителите како да го користат компјутерот.
За оние загрижени родители кои сакаат да научат како да ги заштитат своите деца на интернет нека го погледнат сајтот "Безбедно на интернет". Добро би било одговорните лица на овие две кампањи да се запрашаат зошто не соработуваат и не настапуваат со заеднички сили бидејќи конкретно имаат иста цел? На тој начин, многу полесно би ја пренеле својата порака.
Искрено мислам дека е крајно време да започнеме интернетот да го третираме малку посериозно, од секој можен аспект. Па нели сме "Земја на информатичари и ИТ експерти" и целиме кон создавање на развиено информатичко општество!?
П.С. Малку поодамна напишав текст во кој опишав неколку начина на кои родителите ќе можат да ги заштитат своите деца на интернет.







Знаете ли, в началото на страницата деца искат да имат работа? Току-що видях една статия казва, че е за услугите, като Fireperson, полицай etc.But Мисля, че децата винаги искат да пораснат да бъдат успешни. Спомняте ли си това, което исках да порасна да бъде, когато си бил дете?