Постапокалиптични ефекти со Photoshop

во Совети

{mosimage}Заради позитивниот фидбек на урнатините на Скопје 17, решив да го снимам
прогресот на последното дело „Крстот“ во еден краток туторијал за сликата. За секакви
прашања, критики и коментари пишете на соодветниот пост за Скопје 17 во
секцијата Графика. Ќе ми биде мило да ве сослушам… Па да почнеме.

Прво, многу е важен изборот на изворната слика. Зошто? Бидејќи добар
уметник секогаш ја гледа сликата од техничка страна. Што би ставил ваму, зошто
и како би ги композитирал елементите….

{mosimage}

Сликата од крстот е технички гледано многу
поволна за обработка бидејќи небото е воглавно еднобојно така што неговата
замена ќе биде поедноставна, осветлувањето е добро и боите се супер. Сега
доаѓаме до вечното прашање: „Од каде да почнам?“ Да речеме… Од почеток. Од
подножјето на крстот.

Откако наоѓаме погодна текстура (www.cgtextures.com)
ја пастираме врз нашата основа.

{mosimage}

На текстурата и намалуваме малку сатурација и
накачуваме контраст. Користејќи Warp
Tool ја обвиткуваме околу бетонските делови и со користење
на маска ги елиминираме непотребните делови. Layer-от со текстурата го назначуваме со Blending Mode на Overlay и тадааааа…
Имаме валкано подножје.

{mosimage}

Ја пастираме текстурата на небото и со Select Color ги
селектираме сините тонови на небото.  Тој
дел ќе биде новото небо. Го бришеме непотребното.

{mosimage}

Со мека четка на нов Layer цртаме регион со
жолто-портокалова боја, му назначуваме Blending Mode – Soft Light и си играме со Opacity слајдерот се
додека не го добиеме пожелниот резултат.

{mosimage}

Во овој дел можеме да го завршиме туториалот,
но целата композиција личеше многу празно и воопшто немаше нешто што ќе го
завлече гледачот да остане и да ја разгледа целата слика.  Во овој дел решив да гуглам малце и најдов Fan Art на Vortigaunt од Half Life 2 исто познат
како вселенски роб од првата верзија на легендарната игра и го маскирав и
направив основен Color Correction и корекција на контрастот. Исто така го закасапив крстот малце за да
личи како да е постапокалипса.

{mosimage}

МАГЛА! Најдобриот другар на секој уметник. Ги
прикрива грешките и личи ептен добро. Мека жолто портокалова четка на нов Soft Light Layer.

{mosimage}

Заради драматичност на сликата (и заради
компатибилност со другите слики од сетот Скопје 17) зголемив контраст и намалив
осветлување но минимално. Контрастот е драстичен.

{mosimage}

Финална шминка. Го потсредив небото со Clone Tool и со експлозија
го закрпив делот кај крстот.
Тоа е тоа. Благодарам на вниманието. Во иднина
ќе има повеќе вакви SBS-ови.

Александар Стојковски е член на ИТ форумот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk