ИТ.МК: Онлајн припејд надополнување и пријавување

во ИТ.МК

{mosimage}Вчера на презентација во Скопје, мобилниот оператор ВИП во соработка со Уни банка претстави нова услуга наречена “E-top up” која овозможува купување на припејд кредит преку интернет. На настанот, кој беше организиран со цел промовирање на електронската трговија во Македонија, во живо беше извршена првата трансакција. Корисниците, засега само оние кои поседуваат MasterCard картичка, ќе можат да ги надополнат своите припејд сметки во износ од 100 до 5.000 денари, преку пристапување на веб сајтот на операторот – Vip.mk.

"Ни претставува особено задоволство што повторно успеавме први на пазарот да ја понудиме оваа поволност и услуга на нашите припејд корисници. Благодарание на успешната соработка со Уни банка, Вип оператор успеа да овозможи дополнителна предност и вредност за своите корисници." изјави Марио Цвитковиќ, маркетинг диретор на ВИП. "Дополнително, горди сме и што успеавме да го направиме првиот чекор кон отварање на електронската трговија во Република Македонија."

На презентацијата, беше дискутирано и за електронската трговија во Македонија, и притоа беше истакнато дека досега со издадени над милион кредитни картички и релативната покриеност на населението со овие платежни средства, статистиките за е-трговијата се поразителни.

{mosimage}

Услугата "E-top up" дефинитивно е за поздравување и иаку е замислена доста иновативно, не би рекол дека е реализирана соодветно од причина што постапката за онлајн надополнување не е баш совршена во аспект на пристапност и мислам дека можела да се изведе на побрз и подобар начин. А голем минус е и ограничената употреба само на MasterCard картички.

Сегашната процедура преку сајтот на ВИП бара од вас првин да го внесете износот и припејд бројот, па откако ќе го потврдите барањето ќе бидете префрлени на сајтот на Casyscpay.com.mk каде што содржините, иаку сајтот е под македонски поддомен, се на англиски јазик. Таму, ќе биде побарано од вас да внесете повеќе лични информации.

{mosimage}

Интересна за дискусија е и полисата за заштита на корисничките податоци која се однесува на овој сервис, која е составена од само една страна и во која не е истакнато дека всушност корисникот се префрла до друга страна и сајт каде што пак линкот за полиса за приватност (на англиски јазик!) е невалиден. Во полисата се истакнува и дека "бројот на вашата кредитна картичка се испраќа директно до банката", без притоа да се напомене дека се користи трет сервис за процесирање.

Заклучок: Браво за ВИП, но доколку сакаме да ја промовираме електронската трговија во Македонија, ајде да го правиме тоа како што треба, од секој аспект!

Онлајн пријавување на вработени
Вчера исто така беше претставен уште еден нов онлајн сервис наменет за пријавување и одјавување на вработени, како и објавување на огласи за нови работни места.

Проектот, кој е поддржан од страна на УСАИД, а се очекува да биде целосно спроведен од Агенцијата за вработување, ќе го олесни процесот на административно регулирање на вработени, заштедувајќи време и пари, особено на оние претпријатија кои често менуваат вработени, или пак вработуваат сезонски работници.

"Минатата недела, нашиот Проект за конкурентност воведе интернет алатка која ќе ги поврзе студентите кои бараат пракса и работа со заинтересираните претпријатија. Сите овие напори, кои користат информациона технологија, се наменети да изградат процеси кои ќе заштедат на време и трошоци што го подобрува окружувањето на трудот" – рече Филип Рикер, амбасадорот на САД во Македонија. Тој додаде и дека е "горд што помошта за Македонија, уште еднаш дава придонес кон подобрувањето на деловното окружување во Македонија на многу опиплив начин."

{mosimage}

Системот ќе овозможи и пријавување на вработени на определно време, со што се очекува намалување на работните места во "сивата економија". На овој начин, ќе можат да се собираат и анализираат полесно конкретни бројки и статистики, да се предвидат трендовите на дефицит и побарувачка на пазарот на трудот и сл.

Системот ќе биде достапен преку линкот: https://www.avrm.gov.mk/PrijavaOdjava (сајтот не беше достапен за време на пишувањето на овој текст).

За во иднина беа најавени и проекти каде што ќе се овозможи оставање на професионална биографија на интернет за заинтересирани работодавачи, нудење на разни владини услуги преку интернет, метабаза на податоци за компании и правни лица со податоци за нив и други.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk