Дали се знае кој е првиот веб сајт на македонски јазик и која е првиот .мк домен?, прашува Ike на форумот на It.com.mk. Ukim.edu.mk, vmacedonia.mk, marnet.com.mk… сите овие веб сајтови се од пред 2000 година, кога се користеа 56к модеми и се чекаше .jpg слика да се отвори за цели 2 минути, а се симнуваа 4 MB за околу 30 минути. Се сеќавате на тие времиња?
Според Kirev, член на форумот, најстариот .мк сајт е lotus.mpt.com.mk. Ова се открива преку Интернет архивата која го забележува Lotus.mpt.com.mk дури во 11 ноември 1996 година.
Во потрагата логично се свртевме кон единствениот кој го знае одговорот – Македонскиот регистар на интернет домени, МАРНет. За жал, МАРНет, кој сега е воден од Министерството за информатичко општетство, ни прати одговор кој комплетно не збуни.
Пред два дена, во вторник, телефонски прашавме кој е најстариот домен. Ни рекоа јавете се за еден час, да провериме. По час и нешто, никој не се јавуваше на телефон. Прашавме утредента, во среда, ни рекоа да испративме имејл за да биде официјално барање. Испративме мејл. Денес, четврток, го добивме следново:

МАРНет, зошто е тешко да предадете информација која и треба да биде јавна? Тоа што во регистарот се излистани домени кои се само од 2000+ година, не значи дека сите пред тоа се тајни и е потребно официјално барање за пристап до информации за нешто што е само интересен факт. Како за информација, според Законот за слободен пристап на информации, „Ако барателот бара пристап до информација со усно барање, имателот на информацијата е должен на барателот да му овозможи пристап до информацијата, на начин со кој барателот ќе има доволно време да се запознае со нејзината содржина, за што имателот на информацијата составува службена белешка, освен ако се работи за информации од членот 6 став (1) на овој закон“
И да, испративме писмено барање до директорот. Приклучете ни се и вие, драги читатели, па ќе испратиме куп писма со барање за кој е најстариот .мк домен. Можеби и ќе дознаеме…
Коментари
10 коментари
Коментарите се затворени.