YouTube претстави вграден уредувач на видеа

во Веб, Совети

YouTube претстави нова опција која ќе им овозможи на корисниците кои закачуваат видеа да ги уредуваат истите откако ќе ги закачат директно од веб сајтот. Со оваа нова опција корисниците ќе можат да ги уредуваат видеата задржувајќи го линкот која води до нив, и со тоа задржувајќи ги прегледите и коментарите на нивните видеа.

За да се дојде до оваа опција, сè што треба да се направи е да се кликне на копчето Edit Videos кое може да се најде на страницата My Videos, или пак кај видеото кое треба да се уреди. Новата опција сигурно не може да се носи со професионални програми за уредување видеа, меѓутоа е одлична за брзо и едноставно подоборување на квалитетот на видеата. Дел од можностите кои ги нуди новата опција за уредување се стабилизирање на снимки, ротирање на видеа, подобрување на светлина и контраст, како и подесување на бојата со еден клик. Опцијата за уредување видеа исто така овозможува и да се скратува почетокот и крајот на видеата.

YouTube во соработка со Picnik, компанија која Google ја купи минатата година, претстави и можност за додавање различни филтри на видеата, опција слична со онаа на Instagram. Доколку корисниците не се задоволни со промените кои ги имаат направено на видеата, можат да ги вратат во оригиналната состојба или со користење на опцијата „save as“ можат да креираат многубројни копии од нивните видеа. На блогот на YouTube стои дека корисниците треба да внимаваат бидејќи популарни видеа со повеќе од 1.000 прегледи ќе бидат зачувани како нови видеа откако ќе бидат уредени.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments