Microsoft го претстави и Windows Store

во Веб, Софтвер

Microsoft на BUILD конференцијата го претстави Windows 8, оперативен систем кој ќе има двојна намена, за персонални и за таблет компјутери. Покрај неколку иновативни новини, интересно е и тоа што Windows 8 ќе биде збогатен и со продавница за апликации, едноставно наречена Windows Store. Microsoft на конференцијата не откри за тоа каков ќе биде системот на наплаќање и дали продавницата за апликации ќе биде достапна во ист период кога ќе излезе и Windows 8.

Windows Store, исто како и продавницата за апликации на Apple, Mac App Store, ќе биде вградена внатре во самиот оперативниот систем, и со само неколку клика ќе можат да се преземат специјално дизајнирани апликации базирани на Мetro интерфејсот. Ќе бидат достапни различни видови, како што се апликации за продуктивност, за фотографии, за забава, за друштвени мрежи, и многу други.

Покрај разните категории на апликации, секоја категорија ќе вклучува главни апликации за таа категорија заедно со листи за најдобро рангирани апликации, најдобри апликации кои се плаќаат, како и најдобри бесплатни апликации.

Програмерите ќе можат да понудат на корисниците бесплатен тест период за своите апликации.  Програмерите ќе можат да го одберат времетрањето на тест периодот, од 24 часа до 30 дена. Сите апликации ќе мора да поминат низ процес на сертификација исто како и мобилните апликации за Windows Phone 7. Со ова ќе се намали бројот на малициозни апликации, како и осгурување дека апликациите ги задоволуваат основите критериуми за квалитет и корисност.

Во Windows Store, чиј изглед ќе биде ист како и со остатокот од оперативниот систем, поточно ќе биде базиран на Metro, ќе можат да се најдат и десктоп апликации за стандардниот интерфејс на Windows.

[youtube]xvWJxP1AxaA[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments