Кога алгоритми ги поставуваат рекламите, грешките не се изненадување

Главната вест од минатата недела се куп големи компании кои ги повлекоа своите реклами од YouTube. Причината не е занемарлива: алгоритмите на YouTube ги поставуваат рекламите до несоодветна содржина, како екстремистички видеа.

AT&T, Verizon, Johnson & Johnson, GSK и Enterprise Holdings ги повлекоа своите реклами. Потоа следеа над 250 компании кои сега не се рекламираат на YouTube. Од Google прокоментираа и самите признаа дека иако се приближуваат, сè уште не може да гарантираат дека рекламите нема да се прикажат до несоодветна содржина.

Зошто се случува ова?

Неодамна сопственикот на помала компанија од Масачусетс, Џон Елис забележа дека оглас од неговата компанија се наоѓа на сајт за кој смета дека е несоодветен. Самиот никогаш не огласувал на оваа страница, но неговите реклами се појавуваа на екстремни десничарски сајтови.

„Истражувањето на Washington Post покажа дека мрежата презентира реклами од Allstate, IBM, DirectTV и куп други брендови на страници чија содржина е расистичка, го негира Холокаустот или навредува Афро-американци, Евреи, жени или геј-популација.“, објасни Washington Post.

Причината е едноставна. Сите издавачи имаат слободни слотови за реклами, кои преку агенција за дигитална трговија им ги нудат на огласувачите. Наместо луѓе да се грижат за демографијата и интересите на еден сајт, ова го прават алгоритми. Алгоритмите имаат куп податоци за корисниците со кои сега многу подобро ги таргетираат корисниците.

Дигиталните реклами главно се испорачуваат преку две компании, Google или Facebook, објаснува Guardian. На програмското рекламирање сега отпаѓа 80 отсто од рекламирањето. Најголемиот проблем со ова е што иако дел од содржините не се отстрануваат по правилата за користење, сепак не се соодветни за рекламирање. YouTube прави разлика во видеата кои се или не се соодветни за рекламирање, но платформата е далеку од совршена. За класифицирање, платформата користи метаподатоци и слики, кои често се недоволни. Дополнително корисниците и самите можат да пријават дека некое видео е несоодветно. Рачното пребарување на видео е нереално, на платформата секоја минута се закачуваат 300 часа видеа.

Ова секако не е единствениот проблем. Заработката од реклами е толку голема што се креираат цели шеми за измама и ботови кои кликаат на рекламите. Со тоа од компаниите се земаат пари за реклами кои никој не ги видел.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk