Kонтроверзниот Wikileaks објави над 1,7 милиони димпломатски документи кои датираат од 1973-та до 1976 година. Во нив се вклучени и над 250.000 документи поврзани со Хенри Кисинџер, поранешниот државен секретар на САД и добитник на Нобеловата награда за Мир за прекинувањето на Виетнамската војна. Според Wikileaks, ова рекордно објавување претставува „значително откритие за вмешаноста на САД во фашистичките диктаторства, посебно во Латинска Америка, во Шпанија под Франко (вклучувајќи ја и шпанското кралско семејство) и во Грција под режимот на Колонелс“.
Целата колекција на димпломатски депеши, конгресни дописки и разузнавачки извештаи, содржи вкупно 700 милиони зборови, што е пет пати повеќе од Cablegate, односно од првото објавување на нешто над 400.000 доверливи димпломатски документи. Cablegate се чини дека е доста позначаeн бидејќи содржеше актуелни документи, додека овие Kissinger Cables содржат документи релевантни пред се за 70-тите. Но, независно од годините, овие документи откриваат доста интересни податоци за каква е дипломатијата зад затворените врати. Во еден документ . Кисинџер дури вели дека „порано велев дека нелегалното ќе го направиме веднаш, но за противуставното ќе треба повеќе време… Но, по Законот за слободата на информациите ми е страв да кажувам такви работи“.
Wikileaks вели дека овие документи требало да бидат декласифицирани уште пред 25 години. Но, власите на САД одбивале да ги направат јавни и ги држеле во тајност. Според основачот на сајтот, Џулијан Асанж, САД нема да може „да ја задржи историјата на својата комуникација со светот“. Г. Асанж продолжува да се крие во Амбасадата на Еквадор во Лондон во надеж дека ќе најде законски механизам да избегне апсење. Тој е обвинет од шведските власти за силување на две жени.
Заедно со овие документи, Wikileaks oбјави и пребарувач PlusD (Publick Library of US Diplomacy) за полесно наоѓање на документи според клучни зборови. Пример, ако пребарувате „Macedonia“ ќе најдете над илјадници документи во кои се спомнува Македонија. Некои од нив се директно поврзани со дипломатијата во земјата, некаде пак се само спомнува. Не секој од над 2-та милиони документи во базата на податоци се доверливи. Голем број се документи извлечени преку Законот за слобода на информации, некои пак се објавени според процесот на декласификација. Но има и добар број на тајни документи што Wikileaks ги има украдено преку американскиот војник Бредли Менинг кому му се суди за предавство.







