САД основаат нов центар за заштита на вештачката интелигенција

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Националната агенција за безбедност (NSA) објави дека е основан нов безбедносен центар за заштита на вештачката интелигенција.

Отворањето на новиот центар доаѓа како потреба предизвикана од се поголемата интеграција на вештачката интелигенција во одбранбените и системите за разузнавање. Центарот ќе биде дел од Центарот за колаборација на сајбер-безбедност ( Cybersecurity Collaboration Center). Отворањето го откри генералот Пол Накасон (Paul Nakasone). Генералот е шеф на Американската сајбер команда и на Центарот за колаборација на сајбер-безбедност.

„Денес САД е лидер во оваа критична област. Сепак, оваа предност не смее да биде земена здраво за готово. Нашите конкуренти, кои десетици години користеа кражба и експлоатација на нашата интелектуална сопственост за да напредуваат во своите интереси, ќе побараат начин да го кооптираат нашиот напредок во вештачката интелигенција и да ја корумпираат нејзината примена“, вели генералот Накасон.

Установата ќе служи како централна локација за искористување на сознанијата за странско разузнавање, откривање и развој на најдобри практики, упатства и рамки за ризик поврзани со безбедноста на вештачката интелигенција. Центарот тесно ќе соработува со американската индустрија, националните лаборатории, академијата, Министерството за одбрана и меѓународните партнери, за промовирање на безбеден развој и усвојување на вештачката интелигенција во рамките на националните безбедносни системи и одбранбената индустриска база.

Центарот за колаборација е локација на која соработуваат приватниот и јавниот сектор, но и меѓународни партнери.

Во моментов најголем конкурент на САД кога вештачката интелигенција е во прашање е Кина.

Отворањето на центарот е во насока на стратегијата на експертите од NSA, кои идентификуваа дека чување на вештачката интелигенција од кражба и саботажа е најголем предизвик за националната безбедност.

САД веќе користат вештачка интелигенција, но конечната одлука ја прават луѓе

Она што беше и поинтересно е делот во кој генералот објаснуваше како се користи вештачката интелигенција. Системите се користат за автоматизација на анализата за векторите за напад и за опасностите. Вештачката интелигенција ја користат американските агенции за разузнавање и одбрана.

Сепак иако вештачката интелигенција помага, барем засега конечната одлука е на луѓето.

„Вештачката интелигенција ни помага, сепак одлуките ги носат луѓе. Ова е важно. Добиваме помош од вештачката интелигенција. Сепак, конечните одлуки на крај ги носат луѓе и луѓе кои се запознаени со ситуацијата“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk