Google објаснува како се креираат апликации за Glass (видео)

0 коментари 1 мин. читање

Google објави презентација за Google Glass од неодамнешната SXSW конференција во Oстин, Тексас, во која програмерот Тимоти Џордан го објаснува Mirror API-то кое ќе се користи за креирање сервиси за наочарите со проширена реалност. Тој вели дека ја прави оваа презентација бидејќи има луѓе кои „можат да инспирираат интересна дискустија и иновација за оваа API”.

Oва не е прв пат Google да побара идеи од пошироката заедница кога се работи за концептот на Glass, но до сега тоа е сведено на „отворена“ дискусија бидејќи уредот не е баш најдостапен. Што се однесува до креирањето на апликации тоа е едноставно бидејќи Glass работи како веб апликација преку која се логирате со OAuth 2 и додавате содржина. Содржината се презентира како Timeline Cards, односно како едноставни веб страни со линкови, слики, текст.

[youtube]JpWmGX55a40[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед