Кинеските власти го „притиснаа копчето“ за над 4 000 веб страници. Забраната доаѓа по неколку месечна кампања во која се обрнуваше внимание на опасностите од опасна содржина.
Дел од причините поради кои се отстранети овие страниците се: нарушување на правото на интелектуална сопственост и содржина која пропагира несоодветни вредности, вулгарност и непристојност, јави BBC. Дел од страниците кои се отстранети нуделе бесплатни е-книги, но засега нема податоци дали ова го правеле со дозвола од издавачите. Ова не е првпат Кина да затвора веб-страници. Претходно, на мета беа разни игри на среќа и порнографски сајтови.
Забраната доаѓа во период во кој Google најави дека работи на кинеска верзија на својот пребарувач „Project Dragonfly“. Според првите неофицијални податоци кинескиот сервис ќе доаѓа со цензура на резултатите за кои властите во Кина сметаат дека се несоодветни. За термините кои ќе бидат цензурирани ќе решава заедничко тело составено од претставници на Google и Кина. Засега се развива единствено верзијата на пребарувачот за Android. Со оглед на тоа дека најголем дел од кинеските корисници и користат телефон да пристапат до интернет, се чини дека нема ни да има потреба од десктоп верзија.







