Поранешниот директор на Microsoft, Ерик Шмит смета дека интернет во блиска иднина ќе се подели на два дена. Едниот дел ќе биде под кинеско влијание, а другиот дел ќе биде под влијание на САД.
„Мислам дека најверојатно сценарио сега не е распарчување, туку поделба во кинескиот интернет и не-кинескиот интернет предводен од Америка.
Ако ја анализирате Кина, а јас само што бев таму, големината на компаниите кои се градат, сервисите кои се градат, богатството кое се создава е извонредно. На кинескиот интернет отпаѓа процентуално поголем дел од БДП на Кина, што е поголем број отколку процентуалниот дел во САД “, вели г. Шмит.
Својата визија за иднината на интернет, поранешниот директор на Google и доскорешен извршен директор на Alphabet ја сподели на приватен настан во Сан Франциско, каде беше еден од говорниците, пренесе CNBC.
Одговорот на г. Шмит дојде по прашањето дали верува дека е можно во иднина интернет да се расцепка и да се подели на неколку различи мрежи. Тој смета дека нема опасност од ова, но сепак не значи дека ви иднина нема да има злоупотреба. Ова најмногу се однесува на цензура, следење на граѓани и контрола.







