Кина започна со затворање на „рудниците“ за криптовалути

Најавите за забрана на „копање“ и користење на криптовалути кои ги најави кинеската Државната комисија со која раководи заменик премиерот Лиу Хе, оваа недела започнаа да се остваруваат. HashCow и BTC.TOP прекинаа со копање, а берзата Huobi престана да тргува со крипто валути. Дел од експертите се сомневаат дека наскоро Кина во целост би можела да го забрани „копањето“.

Како причини за забрана на тргувањето и копањето се наведуваат огромната енергија која е потребна за процесирање, најмногу поради влијанието на потребата за повеќе енергија врз животната средина. Покрај ова Кина со забраната ќе се обиде да го оневозможи користењето на криптовалути за перење пари, трговија со наркотици и шверц. Дополнително со забраната треба да се ограничи или барем намали шпекулативното тргување.

Речиси 65 отсто од процесирањето на пресметките (hash rate) на криптовалути се наоѓаат во Кина. Ова се однесува на пресметките потребни за трансакциите, но и на копањето на нови токени. Проценката е дека за копање нови токени оваа бројка е и поголема и изнесува околу 75 отсто, јави Ars Technica. Па очекувано дури и најмалите промени во политиката и законите имаат влијание врз цената на криптовалутите.

Кина е втора држава која во краток период презема мерки поврзани со дигиталните криптовалути. Претходно САД донесе закон со кој секоја трансакција во криптовалути повисока од 10000 долари мора да биде пријавена. Со ова ќе се намали користењето на криптовалути за илегална трговија и даночна евазија.

Очекувањата се дека рудниците од Кина ќе се префрлат во околните држави кои немаат донесено сличен закон. Еден од потенцијалните проблеми е што ниту една од околните држави нема приближно производство и инфраструктура на енергетскиот систем како во Кина.

По акцијата на властите во Кина биткоин најпрво загуби дел од својата вредност и падна на околу 37000 долари, но набрзо започна да расте и надомести дел од вредноста.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] мај оваа година Кина започна со затворање на „рудниците“ за криптовалути. HashCow и BTC.TOP прекинаа со копање, а и берзата Huobi престана […]

ит кариера

Matrix Global

QA Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

Data Masters

Data Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

види ги сите огласи на kariera.it.mk