Кинеските власти започнаа да го блокираат пристапот до iCloud.com на Apple и login.live.com на Microsoft, и наместо до овие сервери, конекциите ги носат корисниците до кинески фишинг копии на сајтовите, кои изгледаат идентично со оригиналната страна, но сепак Google Chrome и Firefox предупредат дека сe погрешeн сајт, јави GreatFire.org, организација која ја следи интернет цензурата.
Со оглед на тоа дека сите напади завршуваат на Great Firewall претпоставките се дека нападите доаѓаат од властите во Кина кои сакаат да дојдат до податоците за своите граѓани. Доколку корисниците се логираат на сајтот, напаѓачот или во овој случај кинеските власти ќе ги добијат сите потребни податоци за пристап до профилот на корисникот.
Дел од коеисниците воопшто нема ниту да го забекежат нападот со оглед на тоа дека целта е само една од IP адресите на iCloud. Дополнително со „прескокнување“ на Great Firewall со помош на VPN или прокси сервери, препорачува GreatFire.org.
iCloud #截图存档 伪造证书下载: http://t.co/iqGasmynMx pic.twitter.com/FHFAA1AKR2
— 陈少举 (@chenshaoju) October 19, 2014







