Ќе бидат ли Bing и iMessages нови Gatekeepers

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Европската унија ќе се консултира со корисниците и конкурентите на Bing и iMessages дали новите правила да важат и за овие платформи. Според новиот закон за дигитален пазар (Digital Markets Act) дел од компаниите и платформите кои се популарни и имаат голем број на корисници се „gatekeeper“ и за нив важат построги правила.

Европската комисија испрати прашалник до конкурентите и корисниците на сервисите на Apple и Microsoft со прашања како котираат овие сервиси во споредба со конкурентите. Покрај Bing, Microsoft се најде на листата и со Edge и Microsoft Advertising. Платформите не беа додадени во првиот бран „кор“ сервиси. Ако процената е дека имаат преголемо влијание, би можеле да бидат додадени наскоро.

Краен рок за враќање на одговорите на прашалниците кои ги испрати Комисијата, е една недела. По ова веројатно ќе има период на нови проценки, и носење на конечна одлука. Засега е нејасно колкаво влијание ќе имаат одговорите од овие прашалници.

Европската Унија ја објави листата на „gatekeeper“ компании во септември. На листата се најдоа Alphabet за Google Maps, Google Play, Google Shopping, рекламите, Chrome, Android, YouTube и Google Search; Amazon е за Amazon Marketplace и рекламите; Apple со App Store, Safari и iOS. ByteDance за TikTok; Meta за Facebook, Instagram, Meta Marketplace, рекламите, Whatsapp, Messenger; Microsoft со LinkedIn и Windows PC OS.

Уште пред Унијата да ја објави листата имаше шпекулации дека на неа ќе се појават и Bing и iMessages. Сепак, заклучокот тогаш беше дека двете платформи не ги исполнуваат сите услови за да бидат „gatekeeper“. Apple  во преговорите со Унијата објасни дека иако iMessages има огромен удел на iOS оперативниот систем, сепак е значително мал дел од пазарот. Компанијата тврди дека iMessage нема доволно корисници за да го исполни основниот услов за „gatekeeper“. Ова тврдење не го поткрепија со бројки. Производителот нема објавена бројка за бројот на корисници на iMessage многу долг период. Речиси е неверојатно и да се помисли дека сопствениците на iPhone користат друг софтвер за текст комуникација. iMessages може да има и милијарда корисници, тврди Financial Times.

Втор бран gatekeepers во февруари

 За компанија или сервис да бидат прогласени за „Gatekeeper“ треба да има обрт од 7,5 милијарди евра годишно, вредност од 75 милијарди евра и барем 45 милиони месечно активни корисници во Европа.

За овие компании има различни услови за работа од остатокот од индустријата. Условите кои треба да се исполнат се различни и зависат од категориите во кои се наоѓаат. Пребарувачите мора да обезбедат избор од други пребарувања. Оперативните системи мора да овозможат деинсталирање на апликации кои доаѓаат со оперативниот систем. Продавниците нема да можат да ги преферираат своите производи пред конкуренцијата, и слично. Целата листа со ЧПП е достапна на страницата на Комисијата.

Без разлика каква беше одлуката во септември, Bing и iMessages би можеле да бидат додадени на листата уште во февруари. Ова е во согласност со првичниот план на Унијата. Сервисите кои ќе бидат додадени на листата во февруари ќе имаат време до август 2024 да ги исполнат условите кои се предвидени за „gatekeeper“. Во февруари на листата би можеле да бидат додадени и ChatGPT и Dall-E.

По овој период казните за прекршување се ригорозни. Максималната казна за прв прекршок е 10% од глобалните приходи. Во случај на повторно прекршување казната може да рипне на 20%. Систематските прекршувања може да бидат казнети и со алтернативни мерки. На пример барање за продажба на делови од компанијата или забрана за работа во Европа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments