Повеќе производителни на електронска и пред се аудио опрема добија казни од Европската Унија. Казнети се Asus, Denon & Marantz, Philips и Pioneer.
Причината за казната е минимална продажна цена. Онлајн продавачите не смееле да ја продаваат опремата од овие произведувачи под дадена долна граница. Оваа пракса е забранета во Европската Унија по што следеа и казни.
Asus треба да плати 6,35 милиони евра, Philips 28,9 милиони евра, Pioneer 10.1 милиони евра и Denon & Marantz 7,7. Производителите за кои е изречена казната се различни, од кујнски апарати, до лаптопи и аудио опрема, вели TechCrunch.
Компаниите дополнително не дозволувале на продавниците сместени во една држава да продаваат во друга. Прекршокот е постар и се однесува на работата на овие компании од 2011 до 2013 година.







