0 коментари 2 мин. читање 25 јули, 2018

Пристигна Chrome 68 и нотификациите за небезбедни страници

Новата верзија на прелистувачот Google Chrome, 68 пристигна. Една од промените кои веднаш може да се забележат се известувањата за небезбедните http страници.

Google им остави доволно време на сопствениците на сајтовите да се прилагодат. Најголем дел од страниците, дури 85% од десктоп и 76 од мобилните верзии се https. Големите сервиси како Google, Microsoft, Amazon, Facebook одамна нудат подобра заштита на корисниците.

Сепак за оние кои не го нудат тоа ќе доаѓа известување дека страницата е небезбедна. Засега ова е бледо сиво, но од есен предупредувањето ќе биде црвено.

За жал, бројот на страници кој има https верзија не ја кажува целата приказна. Од 1 милион најпопуларни страници, 542 605 имаат http страна која не редиректира на безбедната https верзија, пренесе TechCrunch.

Заедно со промената на поалармантна црвена за http индикаторот, „Secure“ индикаторот од септември ќе ја промени бојата во црна.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top