0 коментари 2 мин. читање 25 јули, 2018

Google Docs сега проверува и граматика

Платформата на Google за пишување и едитирање на текст сега е малку подобра. Додуша ако често пишувате на англиски, платформата е значително подобрa бидејќи доаѓа со сугестии за поправање и на граматичките грешки.

Всушност надградбата не е спектакуларна за корисниците на екстензијата Grammarly. За сите без оваа екстензија, надградбата е добредојден новитет.

Google Docs сега во горниот десен агол дава препораки за сите грешки кои треба да се променат. Истовремено, овие грешки се потенцирани во текстот.

„Кога Google ќе пронајде грешка во текстот, ќе ја подвлече со сина боја за да знаете дека можеби треба да ја проверите. Може да одберете да ја избришете препораката со десен клик. Можните граматички грешки ќе се покажат и кога ќе ја активирате алатката за спелување и граматичка проверка“, вели Google.

Проверките може да се направат на два начини. Првиот е да проверувате додека пишувате, а вториот е да направите проверки на целиот текст.

Ако не ги забележувате промените, а ви се допаѓаат тогаш можеби треба да размислите да се приклучите на поддржувачите во рана фаза. Промените засега се достапни единствено на овие корисници.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top