Во светот на апликациите за здравје и добросостојба, Lifesum се позиционира како иновативен сервис кој се обидува да ја редефинира врската помеѓу технологијата и здравјето. Кристијан Арсов е менаџер за Lifecycle Marketing & CRM во Lifesum, го сподели своето искуство за тоа како компанијата користи напредни алатки и вештачка интелигенција за да им помогне на милиони корисници низ целиот свет да ги постигнат своите цели за здрава исхрана.
Со склоп на практичност и технологија, Lifesum не само што помага во следењето на исхраната, туку и вклучува вештачка интелигенција за персонализирано и подобро искуство. Со Кристијан разговараме за најновите функции на апликацијата, како и за предизвиците и можностите што ги носи брзото темпо на технолошкиот напредок.
Кажи ни накратко за себе… На твојот LinkedIn профил пишува дека работиш како „Lifecycle Marketing & CRM“ за Lifesum. Како стигна до твојата позиција таму?
Кариерата ја започнав пред околу 8 години во DoXteam, позната македонска софтверска компанија, како дел од тамошниот дигитал маркетинг тим.
Во еден момент, добивме проект за еден клиент од Англија за кој требаше да имплементираме софтвер за CRM & email marketing по име Braze. Јас бев дел од тимот на проектот, и за време на проектот изградив експертиза во таа област и тој софтвер.
По некое време, налетав на оглас за работа од Lifesum, компанија од Шведска, на која и требаше вработен со токму истото искуство како моето.
Што се однесува до мојата позиција, во суштина таа опфаќа менаџериње на целата комуникација со веќе постоечките корисници на Lifesum преку email marketing, push notifications, pop ups и друго маркетинг канали со кои работиме.
Главниот продукт на Lifesum e апликација за подржување на здрава исхрана Накратко, кои се специфичностите на вашиот продукт?
Да, точно, нашата главна цел е да им ја поедноставиме здравата исхрана на луѓето и да им помогне да ги постигнат своите цели од аспект на посакуваната тежина, но и да се чувствуваат подобро, да имаат повеќе енергија, и да бидат поздрави.
Тоа пробуваме да го постигнеме преку повеќе алатки кои ги нуди апликацијата, како:
- Следење на оброци со нивната калориска вредност и макронутритивен состав (јаглехидрати, протеини, масти)
- Следење на внес на вода, зеленчук и овошје
- Следење на физичка активности и потрошувачка на калории
- Планови за исхрана за различни типови на диети како кето, медитеранска, скандинавска, палео, детокс од шеќер, веганска, високо протеинска, за „вежбачи“, за хормонален баланс, и многу други.
- Тајмер кој помога за мерење на времето на “Наизменично (периодично) постење“ (Intermittent Fasting)
- 1000+ здрави и лесни рецепти поделени по десетици категории
- И многу други алатки

Како изгледа твојот работен ден?
Работниот ден најчесто ми почнува со краток состанок со тимот каде сумираме што се случило претходниот ден и се договараме што ќе се работи следно. Потоа често знам да проверам аналитика на некој од кампањите кои ни се активни во моментот.
Следно, ако имам среќа да немам многу состаноци, се зафаќам со конкретна работа што за мене тоа најчесто значи:
- Планирање на кампањи и дефинирање на сите работи кои ни се потребни да ги лансираме
- Креирање на copy (текст) за некои од кампањите како на пример emails, push notifications, pop ups, итн.
- Комуникација со дизајнерите – да се креира визуелниот дел на кампањата
- Дизајнирање на emails & pop ups во drag & drop editors
- Сегментација на публиката и поставување на кампањите во Braze софтверот.
Lifesum неодамна додаде вештачка интелигенција. Според вас, колку користењето на AI може да го револуционеризира целиот сегмент на Health, Wellness & Fitness апликации?
Многу 😀
Точно така, во декември 2024 ја лансиравме нашата најновата алатка наречена Multimodal Tracking која им овозможува на нашите корисници да ги следат нивните оброци речиси веднаш со користење на моќта на AI. Тоа може да го направат преку:
- Сликање на готов оброк – вештачката интелигенција ги препознава и проценува состојките и автоматски ги внесува во апликацијата
- Праќање на говорна порака – вештачката интелигенција ја „преслушува“ пораката, го анализира оброкот што е опишат и го внесува во апликацијата
- Пишување на порака – слично како во разговор со ChatGPT, корисниците можат да и напишат на апликацијата што имале за ручек, а вештачката интелигенција aвтоматски ќе ја процени калориската и хранливата вредност на оброкот и ќе ја внесе за тебе.
- Скенирање на баркод на пакуван оброк
Мое мислење е дека AI ќе има огромно влијание на нашиот Health & Wellness секторот и очекувам во иднина компаниите во нашиот сектор да се трансформираат во буквално персонални AI-нутриционисти со кои луѓето ќе можат да си комуницираат и да добиваат целосно персонализирани совети и планови за исхрана што би одговарале на сите аспекти од нивниот живот: почнувајки од пол и возраст, па се по колку се физички активни, на што се алергични, која храна им се допаѓа, во кој дел од светот се наоѓаат, кои болести или состојби ги имаат, колку слободно време (и мерак) имаат за готвење, колкав им е буџетот, и многу многу други фактори.
Lifesum неодамна беше App of the Day на Apple App Store, што значеше ова за тебе, но и за целиот тим зад апликацијата?
Една огромна пофалница за целата работа што се заврши во последните 2 месеци од 2024!
Целиот update со Multimodal Tracking се направи успешно во рекордно време, и такво признание од еден од најголемите технолошки компании во светот навистина значеше многу за целиот тим и ни потврди дека сме на прав пат 🙂
Технологијата се менува прилично брзо, како се прилагодуваш на новите трендови?
Точно, особено последниве 2 години откако се појави Generative AI за масовна употреба.
Искрено, мислам дека не се снаоѓам толку добро колку што би сакал. Целата ситуација е доста overwhelming за целиот ИТ сектор па и пошироко.
Се обидувам да сум во тек со најновите трендови преку учествување во неколку форуми каде се „движат“ луѓе од мојата сфера како и следење на овие newsletters кои ги препорачувам: