Организиран од Асоцијацијата на македонската индустрија за видео игри – МГИ, повторно се оддржа Global Game Jam Skopje 2025. Од 24 до 26 јануари во хакер-клубот Base42 сите љубители на гејмингот, програмерите, уметниците, дизајнерите и ентузијастите беа поканети да се придружат на оваа креативна авантура.

Што е Global Game Jam?
Global Game Jam е најголемиот светски џем за видеоигри – тридневен предизвик каде што учесниците во истиот период ширум планетата работат на создавање сосема нови видеоигри. Целта е да се поттикне креативноста, соработката и иновативноста, овозможувајќи им на учесниците да го споделат своето знаење и вештини.
Како изгледаше програмата на #ggjskopje25?
- 23 јануари: Загревање пред џемањето со предавања на тема гејм-џемови од Кристијан Трајковски и Михајло Плавевски, млади, но искусни гејм-џемери. Овој ден се покажа како совршена можност за сите учесници да научат нови техники, да ги прошират своите познавања и да се вмрежат со идни колеги и соработници. Времетраење: околу 90 минути. Локација: Base42.

- 24–26 јануари: Главниот џем, каде што учесниците имаа 48 часа да ги оживеат своите идеи и да креираат нови видеоигри. По завршувањето на џемот, секој тим имаше можност да ги презентира своите проекти.

- Наградите се парични, а категориите се Најдобра игра, Најдобар арт, Најдобар девелопмент, Надежен џемер и специјална награда за најдобра Hybrid-Casual игра.
#ggjskopje25 излезе дека не е само интензивна работилница, туку и шанса да се забавувате и да запознаете луѓе со исти интереси.
На овогодишниот Gamejam се изработија дури 25 игри со што се сруши претходниот рекорд!

Наградите отидоа на следните тимови:
Најдобра игра: CBT – Hydroplane
Најдобар арт: Early Bird – Away
Најдобар дев: Симе – Bubble Bash
Најдобра board game: GGJ Acebreakers – Pressure
Надежни гејмери: Team Neznam – Bubble Boy



