Кина е велесила во многу области, некои добри, некои не толку. Се чини дека отсекогаш го имале приматот кога е во прашање фалсификувањето на производи. Тоа не се менува ниту денес. Фабриките во Шензен, Кина за рекордно време можат да се пренаменат за изработка на Kickstarter производ, но и за фалсификување на истите, јави Quartz.
Куп компании се соочуваат со предизвикот на фалсификувани производи. Дел од нив како Xiaomi доаѓаат од Кина. За среќа и истовремено за несреќа кинеските фалсификати повеќе не се евтините производи кои брзо се расипуваат. Некои од фалсификатите се поквалитетни и од оригиналите кои ги копираат, тврди сопственикот на AliBaba, Џек Ма.
Неодамна анализа на Apple објасни дека Кина е претпочитана локација за производство поради брзото прилагодување на фабриките. Сега се чини дека фабриките се и предобри во своето прилагодување.
Неодамна претприемачот Јекутиел Шерман од Израел започна со својата Kickstarter кампања. Неговата иновација беше едноставна футрола за паметен телефон која истовремно е и селфи-стик. Она што без сомневање не го очекуваше е дека една недела по почетокот, кинеските фабрики веќе ќе го произведуваат неговиот производ, и тоа со негови слики и дури и истото име, а наскоро се појави и на AliExpress.

Производот не само што беше достапен побрзо туку и беше и 3 пати поевтин од оригиналот. Поддржувачите на кампањата беа бесни поради превисоката цена за производот.

Image: Stickbox
Г. Шерман не е ниту еднинствениот чиј производ за рекордно време е ископиран и доставен на пазарот. Малите и нови претприемачи не се единствените жртви, а почесто големите компании се на мета на фалсификаторите.
Она што го овозможи ова е всушност префрлањето на производството на големите западни компании во Кина. Локалните фабрики мораа набрзина да се прилагодат на потребите на гигантите, производителите научија да произведуваат квалитетни производи, но и квалитетни фалсификати.
Единствено што им останува на иноваторите е да го заштитат својот производ со дополнителна вредност. Ако произведуваат хардвер, тогаш ова е софтвер. Така за паметните производи софтверска алатка која овозможува повеќе за истиот хардвер. Дополнителна заштита е и крирање на бренд кој ќе биде прознатлив кај корисниците. Најверојатно најдобар пример и за едното и за другото е Apple и iPhone. Иако кинеските телефони често се поевтини и речиси подеднакво квалитени кога хардверот е во прашање, брендот и софтверот ги разликуваат уредите на Apple од конкурентите.







