Интервју со Стефан Митески од Systems for Enterprise – стартапот кој победи на Get in the Ring

Победникот на Get in the Ring,  стартапот Systems for Enterprise (S4E)  е компанија која што е специјализирана во софтверски решенија за осигурителната индустрија. Решението е базирано на докторска дисертација на Д-р Андреја Митески, кој истовремено е и ко-основач на компанијата заедно со Стефан Митески. Тимот понатаму го доразработи решението пред да го претстави на натпреварот. Сепак компанијата кај македонските корисници најверојатно е попозната по решението HelpMark.mе кое на многумина им помогна во поплавите.

 „S4E е млада и брзо растечка компанија која е фокусирана на северноамериканскиот пазар.  Претставуваме еден вид иновативен центар за примена на технологија во осигурувањето. Периодов размислуваме и за настап со некои иновативни решенија и во регионот. Целта ни е да им помогнеме на осигурителните компании да ги одберат оптималните договори за реосигурување.“, вели  Стефан Митески, основачот на компанијата.

Што всушност е награденото решение на Get in the Ring?

Стефан Митески: Цел ни е да ја зголемиме безбедноста преку континуирана иновација. Да се има мир т.е. “peace of mind” е суштинска човекова потреба и ние сме посветени на неа. ORM вклучува актуарска математика и напредни алгоритми и претставува своевидна круна на работата на S4E во последната година и неизмерно сме среќни што решението беше препознато и високо оценето.

Fintech е гранка која што е во голем подем последната година. Ние не ја бркавме актуелноста. Членовите на тимот имаа познавања во осигурувањето и актуарска математика уште пред да почнеме да функционираме заедно, а сега сите наши знаења се надополнуваат синергиски. На проектот работат двајца доктори на науки како и тим кој што ги има последните технолошки трендови во своите прсти. Би рекол дека нашата главна сила не е сумата на нашите знаења, туку енергијата која што ја поседуваме како тим, да ги преточиме знаењата во одлични синергиски продукти.

e4b-2

Кои се предности на ORM пред конкурентните сервиси?

Стефан Митески: Не сме запознаени со конкурентни решенија на ORM во тесна смисла на зборот. Нашите северноамеркански партнери Insurance Systems Inc. кои се една од најголемите светски компании во областа на осигурувањето беа пријатно изненадени од решението кога им го презентиравме и навистина беа заинтересирани за исходот од нашиот развој. Постојат софтвери за актуарска математика и за реосигурување. Комбинацијата на двете која што ја нудиме и пристапот при решавањето на проблемите е уникатен и резултатите се навистина позитивни за осигурителните компании со кои што сме направиле истражување.

Кои ви се плановите за иднина?

Стефан Митески: Во моментов имаме функционален прототип кој задоволува дел од потребите и работиме на завршување на целосна верзија на софтверот која што би опфатила многу различни модули и дополнително би ја збогатила вредноста на истиот. Проектирано ни е кон крајот на 2017 да го завршиме целосното решение и да почнеме со целосен настап на пазарот, а во меѓувреме да даваме и консултантски услуги.

e4b-1

Што ќе ви овозможи наградата?

Стефан Митески: Наградата Get in the Ring Macedonia ни дава кредибилитет преку фактот што врвни менаџери ја препознаа идејата и не избраа нас пред навистина низа други квалитетни проекти. Покрај тоа, со ORM ja добивме и Macedonia #SEUA2016 winners in the category of Fintech. Со ова ни се отвараат портите за светското финале Get in the Ring Singapore како и Startup Europe Awards. Очекуваме овие награди да значат и зголемување на интересот на потенцијалните инвеститори и секако се одлична мотивација да продолжиме да остваруваме.

HelpMark.me навистина им помогна на дел од луѓето погодени од поплавите. Дали работите или размислувате на надградба?

Стефан Митески: Покрај проектите кои што се поврзани со осигурувањето, ние се трудиме да бидеме и социјално одговорна компанија. HelpMark.me беше само мал наш допринос кон заедницата. Имаме пар идеи за тоа во кој правец може да се развива HelpMark.me. Сакаме да му овозможиме на центарот за кризи да може да ги контактира сите кои што ја имаат апликацијата т.е. да им дава инструции. Да можеме истото да го спроведеме и со центарот за хидрометеорологија.  Друга насока на која што размислувавме да го развиваме решението е да се помогне на бездомници. Наскоро ќе следи и iOS апликација. Имаме идеи и секако сме отворени за нови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Priceless: The Myth of Fair Value (and How to Take Advantage of It) – William Poundstone. Препорака на Стефан Митески, извршен директор на Systems for Enterprise […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk