Во втората епизода на македонскиот подкаст „Како да успееш од Македонија“ предводен од страна на Иван Неделковски, инженер и основач на ИТ компанијата Exelerate, гостин е еден од најуспешните, ако не и најуспешниот, македонски јутубер Стефан Нанев, кој на својот канал HeatCheck има повеќе од 158 милиони прегледи – дуплирана бројка од онаа што ја имаше Стефан во февруари кога му правевме интервју.
Иван во овој напис ги споделува клучните работи од скоро двочасовното интервју во неговиот подкаст со Стефан.
Снимај видеа на англиски јазик
Според Стефан, освен ако не сакаш специфично да правиш содржина што е уникатна за локалниот пазар, видеата треба да се снимаат на англиски јазик за да може каналот да расте на ниво на цел свет, а не само во рамките на државава. Конкретно Стефан, за неговиот канал Heat Check, има публика што е распростанента од САД, па се до Филипините.
Таргетирај “niche” пазар
“Niche” пазар се дефинира како мал дел од целиосниот пазар што е специјализиран во одредена нишка. Во случајот на Стефан, ако целосниот пазар на YouTube опфаќа се од видеа со мачки, до долгометражни документарци, тој го има најдено својот “Niche” во НБА, уште поконкретно во аналитичка содржина за НБА.
Одбери го пазарот за кој што имаш длабок интерес
При селекција на “niche” пазар, битно е да го земете во предвид и вашиот интерес на темата, не самиот потенцијал на пазарот. Во случајот на Стефан, тој гледа НБА повеќе од 20 години и до ден денес ги следи сите утакмици, така што има огромна количина на содржина што може да ја искористи секој пат кога прави видео. Според Стефан овој интерес и пасија за тематиката е екстремно важна кога треба да се остане до 03:00ч на сабајле за да се заврши видеото и да се прикачи на YouTube.
Содржината на видеата е поважна од опремата што ја користите
Многу е поважна самата содржина на видеото, текстот, композицијата и приказната што ја пренесува тоа видео. Техничката опрема, како камера, микрофон, осветлување, па и во случајот на Стефан целосно студио е само бонус врз тоа. И како што самиот Стефан сподели со нас на подкастот, инвестицијата што ја има направено во новото студио на HeatCheck, го посакуваниот ефект на видеата за да ја оправда инвестицијата (барем не засега).
п.с. Погледнете ја и првата епизода од подкастот, во која гостин е Никола Соколов од Influencers.club.







