Jaguar претстави шофершајбна со проширена реалност

во Свет

Британскиот производител на луксузни автомобили Jaguar го претстави ветробранското стакло за проширена реалност кое ќе направи возењето да наликува на видео игра, јави TopGear. Проширената реалност ќе им овозможи на возачите на стаклото додека возат да ја видат најбрзата патека, презентација на брзиномерот, времето на последниот извозен круг и времето на најбрзиот круг. Дополнително како и во некои видеоигри, возачот ќе може на екранот да ја види сликата (ghost car) од претходниот круг, а тука е и промената на бојата во траекторијата која е водич за кочењето и брзината.

Освен како помагало за професионалните возачи, ветробранското стакло за проширена реалност може да поставува и виртуелни препреки кои ќе му помогнат на возачат во вежбањето. Засега нема најави за тоа за кого е наменет уредот, но покрај функциите кои се пред се за професионалните возачи. Ветробранот е осетлив на гестикулации на растојание од 15 сантиметри од него, а Jaguar наскоро ќе додаде и активирањето на бришачите, затемнување на стаклото и најверојатно најинтересно сателитски мапи за навигација.

[youtube]FeK9IkSD_nI[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk