Najdi go gradot е локална игра за Android направена од Владимир Новачки, програмер чие хоби се мобилните апликации. Играта е едукативна и лесна за играње. Треба да го закачите пинот на точното место каде се наоѓа македонски град на мапата поделена на општини. Звучи едноставно, и е, но целта на оваа апликација – која влезе во финалето како една од топ 10-те апликации меѓу 100-те на натпреварот на Агенцијата за електронски комуникации – е да го зголеми бројот на македонските игри за Android.
„Не заработувам од мобилни апликации… Ја направив Najdi go gradot со цел за да допринесам за македонскиот пазар на мобилни апликации. Според неофицијални податоци само 2% од македонските мобилни апликации се игри, што е голем недостаток, па затоа се одлучив да направам игра, која воедно е и едукативна.“, вели Владимир чија проценка е направена со преглед на сите апликации кои беа претставени на Android натпреварите на Vip и One.
[youtube]GXMG6GX-FIs[/youtube]

Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.