Српскиот стартап TruckTrack доби seed инвестиција од 25.000 евра

во Свет

Српскиот стартап TruckTrack успеа да добие прва seed инвестиција од 25.000 евра во замена за 8 отсто до компанијата, пренесува српскиот стартап блог Startit.rs. TruckTrack e и единствениот стартап од Југоисточна Европа што настапува на Seedcamp Week во Берлин, па можно е да се врати од таму со уште пари за развој.

TruckTrack на Вук Николиќ и Вукашин Стојков е SaaS решение во облакот за следење на пратките и транспортот преку „флота на камиони“ со можност за оптимизирање на гориво и менаџирање на целата документација. Стартапот, кој ќе стартува во септември, таргетира огромна индустрија која во САД вреди околу 800 милијарди долари, и затоа не е воопшто чудно што инвеститори се заинтерсирани да инвестираат во технологија која може да грабне дел од тој колач.

Во стартапот ќе инвестира ангел-инвеститорот Бал Балаји кој често го посетува Белград каде има и своја компанија Bal Lab. Тој вели дека сакал да ги запосли двајцата основачи кои му избегале со своја идеја. Токму одлуката да ги запосли била една од клучните зошто инвестирал во сервисот, иако бизнис идејата е исто толку вредна.

„Kога ќе се одлучам да инвестирам во некој тим, секогаш се прашувам дали би ги вработил и дали би уживал да соработувам со нив… TruckTrack е солидна бизнис идеја која решава вистински проблем, и услугите кои им ги пружа на својата таргет група лесно се изразуваат во бројки. Пазарот е исто така добро дефиниран, што за мене го прави TruckTrack привлечен за инвестирање.“, вели г. Балаји за Startit.rs.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments