Изминатава година се украдени над 370 лаптопи и 89 компјутери од македонските училишта

во ИТ.МК

Во 2012-та и во првите три месеци на 2013-та година се украдени 376 лаптопи и 89 компјутери од основните и средните училишта ширум Македонија. Проектот кој требаше да му обезбеди компјутер на секое дете „безмалку се претвори во Компјутер за секој крадец“, пишува Netpress. Кражбите продолжуваат во 2013-та година, и по првите три месеци. На крајот на април се украдени уште 72 лаптопи од училиштето во тетовско Желино.

Најголемиот дел од кражбите, 34 тешки кражби во 18 основни и средни училишта од кои се украдени 81 компјутер и 213 лаптопи, се на територијата на Скопје. Училиштата во Тетово и Гостивар се следните на листата. Најчеста мета на крадците се основните училишта во градска средина. МВР затвориле 101 случај и уапсиле 236(!) лица кои се откриени бидејќи не можеле да се отарасат од пленот. Лаптопите и компјутерите во училиштата не се продаваат во слободна продажба во Македонија, и како што вели МВР; а лесно е да се лоцираат на црниот пазар.

Но, кражбите несомнено претставуваат проблем за училиштата бидејќи ја забавуваат наставата. Министерството за информатичко општество и администрација побарале да има посериозно обезбедување на опремата, но се чини дека компјутерското осигурувањето кои го имаат училиштата, им дозволува да одат по линијата на помал отпор, односно да не се замараат со заштитата на опремата која е неопходна за модерното образование.

Проектот „Компјутер за секое дете“ треба да им обезбеди околу 18.000 компјутери и лаптопи на сите ученици во Македонија до 2015-та година. Проектот е дел од Националната програма за развој на образованието 2005-2015.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments