0 коментари 1 мин. читање

Ќе може ли Jolla да и покаже на Nokia како се работи со MeeGo?

Дел од поранешните вработени во финскиот гигант Nokia креираа нова компанија, а првиот производ е новиот телефон Jolla. Jolla ќе се појави во продажба до крајот на годината и тоа единствено преку онлајн нарачки. Jollo доаѓа со 4.5-инчен екран, 8MP камера, двојадрен процесор, 4G-поддршка, 16GB простор и можност за проширување со microSD картичка. Цената е 399 евра.

[youtube]sduBRkYQ9eY[/youtube]

Оперативниот систем на телефонот е Sailfish и е направен врз основа на MeeGo, проект на кој Nokia работеше пред целосно да му се посвети на Windows Phone оперативниот систем. Интересно телефонот е составен од два дела со чија промена се менува и изгледот на оперативниот систем. Телефонот е целосно компатибилен со апликациите кои се изработени за Google Play. Покрај ова, Sailfish е слободен за користење и останатите производители може да го користат за своите телефони, вели Анти Сарнио, ко-основачот на Jolla за BBC.

Претпродажбата на телефонот е веќе започната, а најверојатно веќе навикнавте Македонија да не биде во локациите каде телефонот ќе биде достапен од самиот почеток, па ако ова важи за iPhone, HTC и Samsung ќе важи и за Jolla, иако има уште време. Засега телефонот е достапен во претпродажба во Финска, Данска, Шведска Велика Британија, Германија, Шпанија, Франција и Италија.

[youtube]K4lWTsqFe6I[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top