0 коментари 1 мин. читање

Sony ја најави PlayStation 4 конзолата, ќе ја видиме „за прв пат“ на E3

Според очекувањата новата конзола од Sony, Playstation 4, ќе ја доживее својата презентација на E3. Новиот трејлер не покажува ништо за хардверот на конзолата, но датата на презентацијата коинцидира со датумот резервиран на Е3.

Терминот за најава на презентацијата е интересен, со глед на тоа дека доаѓа еден ден пред официјалната презентација на новиот Xbox и секако намената му е да одземе дел од вниманието од презентацијата во Редмонд.

Саемот Е3 е место каде редовно се презентираат нови игри и конзолите, за посетителите саемот се одржува од 11 до 13 јуни, а затворената програма започнува неколку дена порано. Уште позабавни ќе бидат презентациите на екслузивните наслови и контролерите за конзолата, па љубителите на Sony со право со нетрпение ќе го очекуваат годинешниот E3.

[youtube]QjXU1anoC5Y[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top