Излезе римејкот за Brothers: A Tale of Two Sons, но дали требаше?

Во 2013 година, Brothers: A Tale of Two Sons ја импресионира гејмерската индустрија со трогателната приказна и уникатната механика за управување и решавање загатки. Последниве неколку месеци константно се шепотеше за значителен римејк на играта и целосно модернизирање на графиката и меѓу-секвенците. Римејкот е тука и…. има само 62% позитивни рецензии на Steam. Зошто?

Brothers: A Tale of Two Sons е релативно кратка игра која може да се заврши за четири часа

Преубаво несовршенство

Од визуелна и функционална гледна точка, римејкот за Brothers: A Tale of Two Sons никако не потфрлува. Иако приказната и дизајнот на мапите се идентични, графичката надградба е повеќе од забележителна и успева да ја префрли децениски-старата игра во сегашноста.

На времето, за Brothers: A Tale of Two Sons се пееја херојски песни за начинот на кој се одмотуваше наративното клупче, како и за начинот на кој се управуваа двата браќа. Користејќи контролер, едниот брат се управуваше со L3, а другиот со R3. Ова допринесуваше до уникатни можности за поразлично истражување и решавање креативно осмислени загатки.

Дури и оние гејмери кои не беа по загатки, мака-мачеа со нив, само за да видат како ќе се одвива трогателната приказна. Brothers: A Tale of Two Sons брзо се искачи на листата како една од најуникатните игри и често се користеше како урнек за понатамошно експериментирање во нови (под)жанрови.

Верна рекреација

Како што напоменавме, графиката е една од најсилната точка во римејкот. Почнувајќи со моделите на браќата, па завршувајќи некаде со разноликите мапи и реалистичните анимации; на сѐ е посветена огромна доза од внимание. Ако ѓаволот е во деталите, тогаш Brothers: A Tale of Two Sons е пеколно добра игра која ги издигнува наративните моменти на едно целосно ново ниво.

Сепак, не е сѐ совршено и, во зависност од вашата конфифурација, би можеле да наидете на лоша оптимизација на графичкиот енџин, аномалии со текстурите и периодично замрзнување. Гејмплејот останува и понатаму ист, што е одлична работа. Константно се трудевме да се присетиме како ги решававме загатките во 2013 година. За жал (или среќа) многу работи имавме заборавено и Brothers: A Tale of Two Sons ни се чинеше скоро како нова игра, особено во подоцниот дел кога загатките стануваа повеќе-слојни и значително понапредни.

Ко-оп блаженство

За среќа, Brothers: A Tale of Two Sons конечно дозволува играта да се игра преку ко-оп, односно едниот брат да биде контролиран од вас, а другиот – од вашиот пријател. Благодарение на ова, се елиминираат фрустрациите кои произлегуваат од парелелно управување и на двата брата. Но, од друга страна, сметаме дека со тоа играта станува помалку интимна и, како резултат, приказната страда.

Од прочитаново, би можеле да сте збунети зошто играта има толку негативни рецензии. Таквото нешто се должи на неколку причини. Прво, сопствениците на оригиналната игра не добија никаков попуст за римејкот, што, како што можете да замислите, остави исклучително горчлив вкус кај одредени фанови. Второ, некои од фановите беа апсолутно во ред со играта од 2013 година и сметаат дека подобрената графика само го квари севкупниот впечаток и го загрозува уникатниот шарм на оригиналот. Како трета и најважна причина за негативните рецензии на Steam се бројните багови. Играта не излезе во технички добра состојба и бројни несовршености и багови значително го намалија севкупниот впечаток.

Останува да видиме каква ќе биде посветата на развојното студио во иднина бидејќи нивната работа со Brothers: A Tale of Two Sons Remake е далеку од завршена.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Avantgarden SRL
  • Издава505 Games
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 28 февруари 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk