2 игри со зомби чудовишта за одличен старт на неделата

Кога се работи за одличен старт на неделата, игрите со зомби чудовиштата знаат да понудат тони забава. За среќа, оваа недела имавме можност да провериме многу такви игри. Понеделнички почнуваме со две одлични и крајно невообичаени игри. Едната ќе ве испоти со големиот survival предизвик, а другата ќе ве релаксира со аркадната акција.

Terminus: Zombie Survivors излегува од раниот пристап на Steam по три-и-пол години!

Има причина поради која Terminus: Zombie Survivors има 99% позитивни рецензии. Развојното студио Longplay Studios макотрпно работи на играта повеќе од четири години и, по неуморно исфрлање бројни надополнувања, играта конечно е спремна да излезе од раниот пристап на Steam!

Roguelike со survival механики

Terminus: Zombie Survivors можеби нема да импресионира со графиката и едноставниот ретро-инспириран дизајн, но апсолутно сјае во поглед на комплексните гејмплеј механики. Констатно притискани за задоволување на основните потреби како глад и жед, ќе истражувате опасен свет полн со зомби чудовишта, ќе собирате бројна опрема и ќе ги надградувате вашите оружја.

Светот е огромен и непредвидлив, со бројни изненадувања кои ве очекуваат со секој направен чекор. Звучи како претерување, но навистина не е така. Мапите се осмислени на таков начин да во ниеден момент не знаете каде би отишле и што би ве чекало на другата страна од коцката во која се наоѓате. Кога ќе се стемни, играта зазема уште пострашна димензија бидејќи видикот значително се ограничува, а непријателите стануваат пораздвижени и поагресивни.

Искуството во Terminus: Zombie Survivors не мора да биде осамено и во одредени ретки ситуации би можело да сретнете други несреќни луѓе, да пробате да се спријателите и со заеднички сили да ги продолжите авантурите.

Но, да не се лажеме, Terminus: Zombie Survivors е брутално предизвикувачка игра која има над 150 различно-генерирани области и со бројни променливи услови при секое преигрување. Играта бара од вас да сте спремни на неочекувани компромиси и да работите со она што судбината ќе ви го додели.

Terminus: Zombie Survivors се одликува со 15 различни класи и бројни способности за отклучување. Доколку сакате комплексни survival игри во огромен и непредвидлив свет, тогаш ова е игра која не би требало да ја заобиколите, особено доколку сте фанови на NEO Scavenger.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Longplay Studios
  • Издава: Longplay Studios
  • Жанр: roguelite
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 20 август 2024

Midnight Fury e акциона игра со херој кој е во инвалидска количка

Ретки се игрите во кои главните херои се, всушност, хендикепирани лица или пак лица со одредена попреченост. Midnight Fury е игра која штотуку излезе во раниот пристап на Steam. Се работи за акциона игра во која главниот лик е во инвалитска количка. Но, наместо да се помири со судбината, Макс Кобра ги засукува ракавите и ја прилагодува количката со експлозивни додатоци за да може да учествува во популарното телевизиско шоу.

Аркадна, откачена акција

Како игра на само еден девелопер, пријатно сме изненадени од забавата во Midnight Fury. Вашиот лик не само што може да ја турка количката, туку и може да скока високо, да лебди, да ги елиминира непријателите со огнени јазици или пак со експлозивни проектили. Како напредувате, така ќе можете да ја надградувате количката со најразлични корисни додатоци. Паралелно со ова, ќе можете и да користите најразлични оружја и надградби, како и да викате силни сопатници да ви помогнат со хаотичното чистење на зомби чудовиштата.

Моментната верзија на Midnight Fury е доста стабилна и се одликува со бројни содржини, како 10 сопатници, 6 надградби за оружја, 5 за самиот херој, и една зона со 6 стази. LizardWish планира за време на раниот пристап да воведе дополнителни зони, зомби чудовишта и режими на играње. Играта чини само 200 денари. Ако сте фанови на филмови од 80-тите и сакате ретро инспирирани игри, тогаш пружете шанса на Midnight Fury!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: LizardWish
  • Издава: LizardWish
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 5 август 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments