Што се зборуваше на најголемата студентска конференција на УСС?

Photo credits: Андреј Бубевски

Изминатиов викенд од 16-ти до 18-ти март, во Охрид се оддржа најголемата интердисциплинарна студентска конференција во организација на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Над 350 студенти од цела Македонија учествуваа на овој најголем студентски настан, прв од ваков тип. Првиот ден од студентската конференција помина со 18 работилници, со тоа што секој студент имаше можност да избере да учествува на две од овие работилници.

Работилниците кои се одржаа на оваа интердисциплинарна студентска конференција:

  • Crucial Soft Skills Career Development – Кристина Спироска, Директор на Дирекција за човечки ресурси на Халк Банка
  • Introduction to the Startup World – Игор Маџов, Претседател на Startup Macedonia
  • Discover the World of Freelancing – Елена Костоска, Фриленсер и предавач @masterclass.mk
  • The Power of NeuroMarketing – Весна Кузмановиќ и Мила Анастасова, Импала
  • Increased Sales and Financial Education – Љубомир Ковачевски, Продажен директор во ВФП Фонд Менаџмент
  • Musicotherapy – Јулијана Деспотовска, студент на Факултет за музичка уметност
  • Solar Punk – the Aspect of Urban Planning – Мила Јовановиќ, студент на Архитетктонски факултет
  • The Impact of Fitness on Preventing 21st-Century Diseases – Марио Јовановски, персонален фитнес тренер
  • Synesthesia as a Dialogue Between Literature and the Arts – Проф. д-р. Владимир Мартиновски, Декан на Филолошки факултет
  • Writing International Projects: Tips and Experiences for Success – Проф. д-р Мијалче Санта, Економски факултет – Скопје
  • Internet of Things – Проф. д-р Игор Мишковски, ФИНКИ
  • The power of Public Speaking – Бојан Кордалов, ИДЕУП
  • Between Utopia and Dystopia: Ethical Dimensions – Проф. д-р Калина Малеска, Филолошки факултет
  • The Language of Patriarchy: How Can Language Raise Weak Generations – Викторија Постоловска, Форум за образовни промени
  • The Interactive World of 3D Printing and Scanning – Никола Матиќ, Солфинс
  • Anxiety and Depression’s Effects on Mental and Physical Health – Софија Манчева, психолог и фитнес инструктор
  • Social Entrepreneurship: Creating Sustainable Solutions for Social Change – Проф. д-р Стојан Дебарлиев, Економски факултет Скопје
  • Building Your Personal Brand – Crafting Your Career Path – Тане Мургоски и Благородна Михова, Алкалоид Скопје

Конференцијата беше и те како разноврсна, темите беа прилично интересни и актуелни, а студентите беа заинтересирани и задоволни од прикажаното.

Околу целиот настан и работилницата Introduction to the Startup World поразговаравме со Игор Маџов, предавач на оваа работилница.

Игор Маџов / Photo credits: Андреј Бубевски

Настанот ги надмина моите очекувања со многу жар и енергија а особено kudo за организацискиот тим.
Работилницата “Intruduction to the Startup world” беше сублимат на моето 15 години искуство со стартапи и инвестиции во иновации, а воедно беше најдолгата и најинтерактивната работилница која сум ја имал. Особено ме радува љубопитноста, интеракцијата и желбата за знаење на младите кои се предуслов за развој на стартап сцената и со Стартап Македонија ќе продолжиме поинтензивно да работиме со младите.

Вториот ден беше исполнет со две интересни и актуелни панел дискусии. Првата панел дискусија беше ,,Како до подобри вредности во современиот свет”, на која што панелисти беа:

  • Проф. д-р Предраг Трпески, Декан на Економски факултет Скопје
  • Проф. д-р Катерина Шапкова Коцева Коцевска, Правен факултет
  • Проф. д-р Јасмина Поповска, Филозофски факултет
  • Проф. д-р. Владимир Мартиновски, Декан на Филолошки факултет

The new AI world

Втората, а воедно и панел дискусија на која што имаше најголема заинтересиранот и интеракција беше конференцијата на ,,The new AI world”, на која што панелисти беа:

  • Проф. д-р Ѓорѓи Маџаров, ФИНКИ
  • Проф. д-р Петре Ламески, ФИНКИ
  • Петар Андреевски, ВФП Фонд Менаџмент
  • Владимир Давчев, Халк Банк
  • Проф. д-р Томислав Станковски, Медицински факултет
Photo credits: Андреј Бубевски

Секојдневно читаме вести околу тоа како напредува вештачката интелигенција и како таа ќе го промени светот. Па така, сосема очеквано беше дека овој панел би имал најголема заинтересираност. Секој од панелистите зборуваше за влијанието на вештачката интелигенција во својот домен, а генерално сите имаа став дека оваа наука ќе го промени светот во позитивна насока.

Во дискусијата не изостанаа ниту големите јазични модели како ChatGPT на OpenAI и Gemini на Google, додека панелистите ја потенцираа важноста на учењето на новите вештини потребни за овие модели како што е дизајнирањето на промптовите.

Бидејќи вештачката интелигенција напредува многу брзо, професорите од ФИНКИ напоменаа дека будно ги следат случувањата и работат на интеграција на вештачката интелигенција во наставата на факултетот при секоја можна прилика.

Друг интересен детал беше тоа дека очекувањата се движат во насока дека паметните телефони ќе бидат заменети со уреди од типот на Apple Vision Pro или некои други слични уреди.

Покрај разговорот со Игор Маџов, поразговаравме и со Александар Ристоски, потпретседател на УСС-УКИМ и претседател на ФСС-ФИНКИ.

Александар Ристоски

Студентската конференција, организирана од УСС УКИМ, во Охрид која траеше од 15ти до 17ти Март имаше повеќе работилници, 2 панел дискусии и преку 350 студенти присутни. На работилниците студентите имаа можност како помал број да имаат директна интеракција со предавачите на теми како “Introduction to the startup world”, “Public Speaking” и секако “Internet of Things”, но главниот впечаток е тоа што од повеќето факултети на УКИМ и различни дисциплини дојдоа да се надградат на овие IT работилници.

На крајот на конференцијата, истата беше затворена со втората панел дискусија- “The new AI world”. Тука беа сите студенти присутни и имаа шанса да слушнат за вештачката интелигенција низ призмата на едукација, индустрија, медицина, финансии и инвестирање. На крај од панел дискусијата имаше огромна заинтересираност и преку 20 прашања од публиката, поради кои мораше да се продолжи истата уште половина час. За крај, совет од панелистите беше, поголемо вмрежување и користење на вештачката интелигенција при работа, не само од ИТ студентите, туку и сите останати области.

Капа долу за организацијата и ангажираноста на УСС-УКИМ за настан од ваков тип, а доколку имате уште неколку слободни минути, прочитајте го неодамнешното интервју со претседателот на УСС-УКИМ во врска со дигитализацијата на УКИМ.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
kuyhaacracks1813
kuyhaacracks1813
5 months ago
kuyhaacracks1813
kuyhaacracks1813
5 months ago

kuyhaacracks.com

види ги сите огласи на kariera.it.mk